ИНСПИРАЦИЈА ОД ПРЕТСТАВА

ОУ ,,Кочо Рацин”

Малку поинаков, интегриран работен ден, насловен ,,Училишна театралница” се организираше во ОУ ,,Кочо Рацин,,.  Нивни гости беа актерите од театарската група ,,Сенки и облаци” од Скопје. Откако ги изгледаа нивните претстави,следуваа работилници во училница. Својата креативност, автентичност и посветеност, ја искажаа ученците, разговарајќи за впечатоците од театарската претстава. Направија разновидни изработки, користејќи повеќе техники во атмосфера на дружење и меѓусебна соработка. Инспирирани од театарската претстава беа инвентивни и на часовите од природните науки.

Loading