ПО ТРИ НЕДЕЛИ ОДМОР, ДУЕЛ СО СКОПЈАНИ

Кошарка

Поради непарниот број екипи, во Третата кошаркарска лига Б-група имаше по една слободна во секое коло, а од минатиот викенд има по две. Причина е исклучувањето на Албес од Скопје, поради непрописно однесување на два меча. Така, тимот на Мега баскет наместо две недели, има три недели одмор. Следниот дуел е в сабота (19 ч.) во салата од ОУ “Добре Јованоски” со скопскиот ИБА баскет. Прилепскиот тим оди на нов триумф за задржување на првото место..

Табела: Мега баскет 20, Тетекс 19, Гостивар 2 – 18, ИБА баскет 17.

Loading