ПРАЗЕН ВИКЕНД

Ракомет

Интересен почеток на пролетниот дел од Супер лигата за жени, во плеј-аут групата. На натпреварот Скопје – Деспина не се знаеше победникот до крајот. Прилепчанките водеа 26:25, но конечниот резултат е 27:26 за Скопје. На табелата води Шампион со 16 бода, пред Скопје 13, Гевгелија 12, Астибо 10, Деспина 9, Спартак 1 и Кузман Вардар 0. Следи одмор до 26 март кога Деспина дома игра со Гевгелија.

И машкиот тим на Прилеп следниот меч го има на 26 март, кога е гостин на Јуниор КВ во Скопје.

Loading