ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (184) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Разликата на третиот ден на Божик беше во тоа дека денот беше на сред село полно со гости. Сите девојки кои се омажија минатата есен во 1956 беа дојдени на гости кај своите, со момчињата, свекоро, свекрвата по тогашните традиции се носеше и золвата. Сестра, брачеда или поближна роднина од тајфата на момчето золвата служеше за дотерување во облеката на невестата.

Сред селото е весело, поред гајдаџијата Алексо Бабјак има повеќе помошници гајдаџии како Јованче Павлески, Ванѓел Бабјак, Благоја Велјаноски, Димитрија Јованоски, Димитрија Бабјак, Ванчо Бабјак. На сред селото има голем џагор, врева од познати и непознати присутни луѓе. Музиката е неплатена. Тек тук платен со по некое јаболко или круша, дури и со некое костенче.

Некаде кај пладнина една група млади момчиња од с. Штавица дојдоја на сред селото во Марул со намера да се сретнат со марулецот Петрески Петре Бабјак дека во Штавица се зборувало да Петре Бабјак, госпо го надарил за да биди талентиран ороводец и ораџија за да ја видат неговата природна или божја дарба за ораџија, поради неговата мајка Јованка е штавичанка од Мелезовци.

Штавичките ергенчиња беа во број десетина. Барем тие кои сега ги памтиме, ќе ги запишиме овде во оваа книга. Делоски Милан, Илиоски Иван од плочарите и беше нивни гајдаџија. Ѓакоски Дано, Здравески Гоце Саљо, Мицоски Ило, Мишески Драган, Маркоски Ѓорѓија Далипо, Пашоски Љубе, Мелезоски Благоја. Нивната замисла, желба се исполни. Во тоа време дојде Петре Бабјак. Тие поразговараа и направија неколку ора, гледајќи го неговото движење во орото, неговите тактови и подвизи. Петре собуен, бос по чорапи, марамчето за време во орото закачено под ременот на пантоломите кој си има своја замисла, тактика кога треба да клекни, кога од простум да се заврти и да заврти со марамчето. Овие негови подвизи ги одушеви штавичките ергенчиња сите до еден му честитаа на Петре за неговата надареност. Штавичките ергени си носеле своја гајда и гајдаџија борејќи се да не бидат одслужени од марулските гајдаџии.

После завршувањето на школските часови во попладневното време учителот Вузески Љубе гајдаџија дојде на сред селото, ја зеде гајдата од Алексо брато на Петре Бабјак, ја наду гајдата и на Петре му засвири тешко машко за рамо оро. Петре орото го разви во голема ширина. Народот многу се развесели, ретко кој не се фати на орото. Сите Петреви ора беа играни со голем број на ораџии.

Петре Бабјак кога орото ќе го поведеше имаше голема поддршка од самите бабјаковци и од повеќемина марулски ораџии. Тука беа Василоски Алексо, Димитријоски Милан, Јоноски Китан и Цане, Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Јованче, Павлески Јованче, Јолески Благоја, Танески Јован како и бабјаците Алексо, Ванчо, Ванѓел, Митре, Томе, Димитрија, Крсте и др.

Така да овај третиот ден Божиков заврши многу весело со многу присутен народ. Поготово штавичките ергенчиња направија средба со Петре Бабјак и како второ ако непоканети гости примени и помешани со Марул подолго време.

На денот Митровден 9 ноември 1961 година во с. Подмол меѓу толку многу народ имаше и три оркестри од по селата со современи инструменти кларинет, хармоника и тапан. А додека еден посебен свирач со гајда прочуениот аматерски гајдаџија во нашите краеви односно Торне од с. Црничани, битолско малце човекот беше алипен во одот само изврстен музикант свирење со гајда. Седнат на столица, така ги отслужуваше побарувачите ораџиите со свирењето. Времето беше после ручек. Марулецот Петре Бабјак, познат од порано кај народот како голем ораџија. Петре Бабјак порача едно оро, тешко за рамо кај гајдаџијата Торне од с. Црничани. Човекот Торне со половина здравје во нозете свиреше седнат на столица, генерација на Петре Бабјак се познава од нивните млади години.

Петре го поведе порачаното оро. Со самото поведување на орото се нафатија на орото сите негови познајници, повеќето гајдаџии, Ордан Топчија и Ѓорѓија Куличо од Бонче гајдаџии, Коце, Петре Сиџимоски, Китан Прцески од Подмол гајдаџии, Тоде Балто, Тоде Торнески Мариоски од Подмол гајдаџии, Блаже Декаро и Кристо Бабјак од Лопатица гајдаџии, Аце Бабјак од Маково гајдаџија, Алексо, Ванчо, Димитрија, Бабјакоски, Благоја Велјаноски и Јованче Павлески од Марул гајдаџии. Иван Илоски плочаро, Ило Мицоски од Штавица гајдаџии. Талески или Бошески Пецо, Ладе и Методија Мамалигоски од Мојно. Смилевски Ќиро од Добрушево, Зенгоски Ќиро од Ношпал, Алексо и Тренчо Узумите од Ерековци. Василоски Алексо, Димитријоски Милан, Бошески Трајче, Колески Благоја, Петрески Крсте, Митре, Томе Бабјакоски, Микаел, Ѕуберо Боне, Дамјаноски Сокле Москоски Благоја, Ковачо Трајче, Тасески Ќиро, Блаже, Тошески Цветан од Подмол, сите изврсни ораџии видени на ората свирени со гајдата од Торне во Подмол.

На орото кое го водеше Петре Бабјак не беа само овие горе наведени. Туку беа приклучени од женски пол неговите ќерки Весела, Зора, внуките Петкана Бабјакоска, Горица Павлеска, Писана Василоска марулчанки, Котевци, Бошевци, Ѕуберовци од Подмол роднини по татко му Велјан Бабјак. Тоти Бабјаковци од Крушевица и Дуње роднини по татко му се познаваат по носијата мариовска. Дерковци, Мулевци, Мелезовци, марковци, Далиповци роднина по мајка му од по Штавица. Мајка му Јованка е Мелезоска од Штавица, ги имаше повеќе него ние толку запамтиме да запишеме.

Петре Бабјак го поведе порачаното оро и со неговата тактика игра бос по чорапи без чевли. Со неговите одмерени подвизи и тактови водење на Шамивчето обесено под ремено на колкот за вртење со него при клекнување на телото во круг од простум па клекнување. Народот го привлече Петревото движење во орото. Многу ораџии го напуштија нивното оро, дојдоја за да го гледаат ороводачо на гајдинското оро Петре Бабјак.

Се слушаше озборување меѓу присутните мажи и жени во младите години. За кратко време орото од свирачите со современите инструменти кларинетите, хармониките и тапаните престанаа да свират. Самите свирачи со нивните инструменти држејќи ги при себе дојдоја да го видат водачо на орото Петре Бабјак. Во секое време орото од Петре Бабјак се ширеше и многумина весели од орото се пуштаа за да се фатат до ороводачот Петре Бабјак. Пасивните оркестари беа од Далбеговци Јосив Мончанецо Аце и узумите од Ерековци. Петре Бабјак водеше големо оро од кај продавницата од кај Дамјановци до оревот од Кристо Мариоски во должина преку седумдесет метра завртено во целосен круг. Селската чешма над сред селото заедно со гајдаџијата Торне остана осамени во кругот на орото.

Петре Бабјак го води напред орото со неговите весели тактики и подвизи. На орото на кецот или речено со постар збор, опашката подмолскиот надарен ораџија Најдоски Виданов Ѓорѓија Прцески за изведување тактики ширење и собирање на орото. Истата тактика Ѓорѓија ја применуваше на кецо како и ороводецо Петре Бабјак.

Продолжува

Loading