ПУКАНКИ ЗА ЗАБАВА И ЗДРАВЈЕ

Пченката е билка која стана и човечка храна. Најпозната е шеќерната пченка. Житарката е богата со витамини и со јаглехидрати. Затоа се консумира наместо леб во многу национални кујни.

Пченката е добра во борбата против холестеролот, регулирањето на крвниот притисок и за диететски режими. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини. Здрава е оти има малку маснотии. Со витаминот Ц се обновуваат клетките и се засилува имунитетот. Плус е еликсир против стареење. Б-витамините се важни на метаболизмот, додека магнезиумот е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите. Пченката е богата и со антиоксиданси, важни за здравјето.

Има благ вкус и е крцкава. Најдобро е да се јаде свежа. Не е пожелна конзервирана. Најмногу се консумира како пуканки, што е добро за здравјето. Содржат малку калории. Се подготвуваат во микробранова печка или на малку масло во загреано тенџере.

Пуканките помогаат во борбата со ракот, оти се способни да ги блокираат ензимите потребни ракот да расте. Пуканките помогаат во одржувањето на метаболизмот и дигестивниот тракт. Луѓето кои уживаат во пуканки имаат слаби шанси за дијабет. Идеални се за диета и за одржување на телесната тежина.

Loading