МИРАЗ Е КОГА ЖЕНАТА „СЕ ДОБИВА“

Свадбените обичаи вечно се паметат

Бракот е света тајна. Резултат на привлечноста на една личност која некој сака да го дели животот со неа, желбата за семејство, деца и перманентни сексуални односи. Преку него се пренесуваат разни вештини, знаења, искуства, обичаи, однесувања…

Тој “носи” разни народни обичаи, кои често í даваат посебност на свадбата.

Обичајот “предавање на невестата” е од времето кога невестата ја продавале. Обичај е младоженците да се посипуваат со жито, ситни пари или ориз поради плодност и изобилство. За да биде верен и сит зетот, невестата го гледа низ прстен и сито: “низ престен те гледам, в срце да ти влезам”. Во куќата на зетот невестата со леб под рака и вино, три пати ја крева свекорот и ја дарува со злато. Тука е размачкувањето со торта, фрлањето бомбони, парички, леблебии по колите. Невестата пред да го пречекори прагот на идниот дом, со мед и млеко црта над вратата три крвчиња кои ги брише свекрвата.

Ќе доминира во бракот оној кој ќе ја скрши чашата на свадбата. За чекорот да им биде економски сигурен невестата трипати ги врти чевлите во кои деверот става парички. По прагот од куќата од зетот се ставало бел чаршав, за да í биде бел векот на невестата. Ја ,,удирале,, од ѕид или оџак, да не биде “тарашмалка”. Во прилепско го забричуваат зетот, мома меси погача, зетот и деверот да “платат” да ја видат невестата, дарувањата со злато, бовчалоците, кои по модерно се даваат пликови со пари. Наместо букети, се подаруваат грепки за среќа. Реткос е негува канења на “првиче”, Тримир, Младенци.

Порано, симболично под столчето каде што седела свекрвата, свадбарите ставале главица кромид или јајце, истурале вода и шеговито велеле “од радост – свекрвата се измокрила и снесла јајце”. Тогаш невестата трипати се поклонувала до земја пред свекрвата.

На времето, свадбата почнувала во четврток, кога со песна, од срмен конец се плетел т.н “тел” на невестата и таа се носела на бања. Во петок се спремало рувото, сабота се канеле гости кај невестата (женска свадба) најблиските на вечера, а останатите само на “бало” (игранка) и во недела свадбата била кај момчето. Во понеделник се испраќала “кошулата” од невестата кај мајка и да видат дали е чесна. Мајката на невестата канела гости кои фрлале пари на кошулата и носеле по некое дарче. Поручек, со варен благ ориз, оделе кај сватовите да ја прослават чесноста на невестата. Во вторник се канеле на “првиче”.

Младите носат бурма, прстен како симбол на единство и целост и на вечност. Денес, тие одат на меден месец, за да бидат сами и да се опуштат од “свадбениот стрес”.

За неженетите и момите останал обичајот фрлање на букетот (онаа која ќе го фати за брзо ќе се омажи), првото парче торта невестата да го даде на момче или мома, а поново е кинење парченце од лентата со која е украсена колата од младоженците.

Рувото или чеизот рачно изработено, полека исчезнува. Преку миразот, се верува дека семејството на девојката се компензира со младичот зашто тој се жени со неа. Македонците велеле: “Кога жената се добива, тоа е мираз”. Порано во Македонија невестата чинела 10 години штедење. Се велело: “за она што чини, вреди да се плати”.

Првите бракови биле грабежи. Се грабнувала девојката, потоа се склучувале со договор без љубов и на крај, со взаемна љубов, иако родителите и “селото” мешаат “прсти” во изборот на сопатниците. Девојката треба да е од добра куќа, домаќинка, миразџика. Велат: “И мачка да земиш, треба од сој да е”. “По ред се раѓа, по ред се мажи”, велеле постарите.

Многу обичај виреат кај нас кој, придонесуваат да биде величенствен и незаборавен денот на венчавањето и или свадбата. Зашто постојат многу шеги, гафови при правењето на обичаите.

Loading