ВЕРЧЕ НИКОЛОСКА ВО КАВАДАРЦИ

Изложба

Нашата уметница Верче Николоска се претставува со изложбата “Имагинарен простор” во Кавадарци. Изложени се 20 слики. Изложбата е по повод Осми март.

Мотивирана од убавото, уметницата во сликите го отсликува светот на нејзината душа, на нејзината животна одисеја, распространета од имагинарниот сон. Делата се изработени во експресна апстракција.

Уметницата Верче Николоска, член на ДЛУП низ годините инспирирана од убавото, од љубовта кон уметноста се надоградува и својата креативност во ликовната уматност ја изразува во повеќе техники, масло на платно, акварел, графика и цртеж.

 Смислата на својата уметност ја бара во апстрактниот експресионизам. Имала повеќе самостојни изложби во земјата, а учествувала и на групни.

Loading