ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (183) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Заборави да и речам да си го земе опрегачо

Мојсоска Велева Најденка во есента во 1956 година беше свршена – верена за Неданоски Јованов Благоја од с. Штавица. Сите свадбински беа завршени уште за да ја земат невестата Најденка со свадба. Но, стана едно големо изненадување. Вечерта во саботата пред свадбата на Атанасоска Неданова Петра Танеска Ризоска Боризова Ружа Бошеска Ценоска избега за истото момче Благоја за кого е верена Колеска Најденка. Колевци и Бошевци пристари деленици Колевци на Бошевци нунчеви направена незгодна работа.

Во неделата на свадбата од Петра Танеска собран повеќе народ во дворот Неданоски како сеирџии меѓу нив и мајка е на Ружа, Цветанка. Сите кои разбарале да ќерка и  отишле да и честитаат за радоста на Цветанка за радоста мажењето бегалка на Ружа. Таа одбива и вели, кучката една не устраме со делениците – нунчевите, ни остави омраза и голем срам.

Цветанка изустува, сепак чедо ми е, си го заборави опрегачот, заборави даи речам да си го земи. Лагата и лицемерието на Цветанка излезе на лице, значи мајка е на Ружа ја пуштила бегалка да се омажи. Од една страна Цветанка ја напаѓа ќерка си Ружа, направила глупост, а од друга страна заборавила да и го пушти опрегачот. Насобраните жени ја слушаат расплаканата мајка на Ружа со раката стиснати устите и вријат од смеа и пресмеа.

За овој горе наведен настан помеѓу Колеска Најденка и Бошеска Ценоска Ружа, ќе го опишиме и објасниме детално колку сме во можност.

Ружа за љубовник од порано го имала Делоски Благоја, од порано уште да дади збор за со Колеска Најденка. Делоски Благоја штавичанчето се предомислил наместо Најденка ја побарал потајно Ружа. Таа запалена во нивната меѓусебна љубов и во ноќта оди бегалка за Делоски или Неданоски Благоја највероватно со знаење од нејзините домашни. Како доказ е со тоа што одговорот н амајка е Цена пред собирот на свадбата од Петра Недоска со лицемерие рекла, кучката една си го заборави опрегачот. Поради љубовта е жар на срцето кое ќе гори доживотно ако не се исполнат неговите желби. Ружа затова го сторила тоа за да има мир во душата.

Родбински врски за овој настан:

1.Сводникот Петрески Алексо Бабјак е прв брачед со мајка му на момчето Благоја.

2.Алексојца Трајана Бабјакоска му е внука од сестра на Борис, татко е на Ружа.

3.Блажејца Ѓурѓа Илијоска штавичанка со Делоски Благоја се први брачеди, деца од два браќа.

4.Борис, татко е на Ружа му е голем девер на Блаже и Блажејца Ѓурѓа Илијоска Јанкоски.

5.Колевци му се нунчеви на Блаже и Блажејца Јанкоски Илиоски.

6.Колески Веле и Цветанка Бошеска се постари деленици, се по родот трети братучеди.

Со времето се смирија, не си рекоја некој погрдни изрази. Во 1964г. Колески Веле го зеде за ортак со овците синот на Цветана Гоце Бошкоски, крвта вода не се прави, карало, тепало, родот си е род.

Родени во Марул во 1956 година

1.Атанасоска Алексова Летка Танеска;

2.Атанасоска Благојева Менка Танеска;

3.Димоска Драганова Вида Богданоска Јанкоска

4.Ѓорѓијоска Стојанова Јагода Николоска;

5.Јованоска Душанова Ратка Јоноска;

6.Јошески Ќиров Зоре Котески;

7.Митреска Митева Саветка Мурџеска;

8.Митрески Цветанов Драги Крушкоски;

9.Павлеска Миркова Мара Петреска;

10.Петрески Атанасов Благоја Мурџески;

11.Петреска ванчова Слободанка Мурџеска;

12.Петрески Алексов Слободан Бабјакоски;

13.Ристески Дончов Мире Јанкоски;

14.Ристески Тодев пурденко безименко;

15.Цветанов Миланов Гоце Димитријоски;

Умрени во Марул во 1956 година:

1.Ристеска Стојаница Анѓа Танеска моминско Здравеска Ристева Анѓа;

2.Ристески Тодев пурденко Танески набргу умре;

Со доселувањето на влашките три фамилии за презимување во Марул нарасте на педесет и три домаќинства со делбата на неколку нови домаќинства во годинава 1956 се зголемија домаќинствата во селото за куќните прослави на верските денови.

1.Петковденците останаа непроменети со четири куќи;

2.Аранѓеловците од дотогашните 26 домаќинства нарастија на 30 домаќинства;

3.Варвароските домаќинства од дотогашните 7 домаќинства нараснаа на 10 домашинства;

4.Свето Николовите домаќинства останаа на исто со 8 домаќинства.

За Новата година во училиштето имаше спремано од страна на учениците драмска трибина, скеч и поезија, читање и раскажување, стихотворби од страна на учениците во која зедоја учество и учениците од влашката националност како Антон ита и Тодор и следени беа од нивните роднини. Училиштето таа вечер беше преполнето од посетители од родителите и роднините на учениците.

Селото Марул во 1957 година

Наближуваат верските празници Коледе, па Божик со строг пост. Коледе се прославува со палење оган на сред селото, вечерта и утрото. Се шета по куќи со музика, а додека домаќинките на коледарите им подаруваат булина, лепињи наредени во сита за сеење брашно. Одреденото лице за делење на булината на секој коледар или коледарче му подарува по едно буле при заминување од куќата како задушница на мачениците при откривањето на тогашните власти на Исус Христос. Во постарите времиња Коледе го викаа Колење, било грозно, го смениле во Коледе изразот во мноштво.

Бадникот се прослави со одредените адети како и секогаш од порано. За првиот ден Божик во црквата у трпезаријата во тремот имаше три нови фамилии. Тоа беа влашките фамилии со иста православна вероисповест. Во црквата и трпезаријата нема никаква разлика и тие си раздаваја задушница и разменуваја задушница со нашите марулски домаќинки зборуваат чисто македонски. На сите три божикни денови на сред селото имаше собор и музика. Сепак третиот ден на Божикбеше поразличен од првиот и вториот ден божикни. На сите три божикни денови имаш убаво топло зимно сонце.  

Продолжува

Loading