ПАШКАНАТ ЕЛИМИНИРА ВИШОКОТ НА КИЛОГРАМИ

Бројни се причини зошто пашканатот треба почесто да е на нашата трпеза. Оваа билка спаѓа во највредните градинарски култури. Ја подобрува работата на бубрезите. Како диуретик, делува и врз работата на срцето, белите дробови и црниот дроб. Го регулира крвниот притисок, ги јакне ѕидовите на крвните садови и срцето и помага за брзо ослободување од целулитот.

Конвенционалната медицина не ја признава лековитоста, иако алкалоидот пастинацид се користи против неуроза, немир и несоница, грчеви во желудникот и цревата, за подобро варење. Пашканатот го засилува потењето и ја намалува телесната температура. Со редовното консумирање на мешавината од пашканат и праз како густа супа се намалува телесната тежина.

Не е употреблив само коренот. Другите делови кои имаат специфичен мирис и вкус. Ароматичноста потекнува од плодот, од коренот. Но, не е доволно искористен, бидејќи главно е додаток за подобрување на вкусот на супите и чорбите. Според енергетската вредност, 100 гр. пашканат одговара на 100 мл. млеко. Содржи јаглени хидрати, белковини, органски киселини… Масти само околу 0,4 проценти.

Има високата содржина на минералните состојки, најмногу калиум. Калциум и фосфор има во еднаква мера. Богат е и со магнезиум и сулфур, железо и бакар. Натриум има малку. Затоа е одличен како диетална намирница. Од витаминскиот состав, најмногу има витамин Ц, Е и бета каротен.

Ако густата супа од пашканат и праз се јаде подолго време, нејзиното диуретско делување значително ќе влијае врз намалувањето на телесната тежина. Ќе помогне и во побрзо ослободување од целулит.

Германски домаќинки толчат семе од пашканат во аван и го чуваат во тегла. Го користат како здрав и вкусен зачин за приготвување на зелена салата, од краставици или домати, но и јадења од тиква, кисела зелка…

Традиционалната медицина препорачува чај од семе од пашканат за лекување на витилиго (бели дамки на кожата поради отсуство на пигмент). Се приготвува со една мала лажичка семе од пашканат кое се прелива со 200 мл. зовриена вода, се поклопува и се остава еден час, по што се процедува. Се пие четирипати дневно по една чаша. После еден месец се прави пауза од една седмица, а потоа се продолжува со терапијата. Лекувањето на витилигото е долготрајно. Потребни се најмалку 7 месеци. Со консумирање на чајот треба истовремено да се премачкуваат и депигментираните површини.

Листот на пашканатот е фототоксичен, па при берење, допирот со него и изложување на сонце не се препорачува.

Loading