„АЛИ ФЕТИ ОКЈАР – СОМИСЛИТЕЛ И СОРАБОТНИК НА АТАТУРК“

Се спрема изложба

Заводот и музеј ќе го реализира проектот, “Али Фети Окјар – сомислител и соработник на Ататурк”, на советникот, историчарот, Рубинчо Белчески. Музејот ќе се вклучи во одбележувањето на 80 годишнината од смртта на Окјар, роден прилепчанец, еден од врвните политичари во Турција.  Проектот има тенденција да го афирмира неговиот лик и дело и да придонесе за продлабочување на добрите односи не само со турската заедница во земјава, така и со Турција.

Белчески вели дека Окјар е значајна фигура во историјата со потекло од Прилеп кој оставил сериозни траги во Турција како воено лице, политичар, дипломат.

-Окјар имал удел во воените и политичките активности во создавањето на модерна Турција, човек со висока политичка култура, интуиција, вештина. Бил смирен, умерен, рационален, мудар и верен соработник на основачот на современата Турција, Кемал Ататаурк. Окјар бил пет пати пратеник, министер во три ресори, два пати премиер на Турција, претседател на Народното собрание, амбасадор во Бугарија, Франција, Англија. Иако роден прилепчанец, малку се знае. Побаравме средства од Министерството за култура. Првин ќе се истражува за неговиот животен пат, а потоа ќе се создаде Збирка со фотографии. Изложбата ќе биде круна.  Истражувачките активности ќе бидат во соработка со семејството на Окјар и со разни институции во земјава и од странство – вели Белчески.

Loading