ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ НА ФЕВРУАРСКИОТ МАРШ

Седумдесет и девет годишнината од познатиот и легендарен Февруарски поход  неколку планинарски друштва од Прилеп, Кавадарци, Битола и Неготино со боречките организации од Прилеп и Крушево ја одбележаа на 19 февруари. За значењето на овој потфат во мошне лоши зимски услови со учество на поголем  број партизани, пред стартот на колоната говореше Рубин Белчески, претседателот на организацијата на борците и поддржувачите на борбените традиции. Над стотина љубители на природата маршираа по врвиците на партизанската епопеја од 31 јануари до 24 февруари во 1944 години. Минаа повеќе од 15 километри, преку Шаторов камен до споменикот на првата жртва на партизанскиот одред “Гоце Делчев”, Спасе Темелкоски, кој бил убиен од бугарскиот фашистички окупатор, па до манастирот Св. Димитрија над селото Селце. Таму се одмораа со заеднички ручек на војнички грав.

На планинарскиот марш рамо до рамо со дедо си Владо Стефановски пешачеше петгодишниот Петар Костадиновски. Тој успеа да ги совлада сите предизвици на долгата патека со нагорнини и надолнини, покажувајќи дека од мали нозе се заљубува во природата. Неговиот потфат е поттик за другите потомци на возрасните планинари.    

Најстар учесник беше 80 годишниот планинар, Симон Сенокозлиовски.                                                                 

Loading