ГРЧКА ДОНАЦИЈА ЗА ГРАДИНКИТЕ        

Грчката амбасада во Скопје преку неколку грчки компании во земјава донираа храна и едукативен прибор за градинката “Гоце Делчев”. Соработката е остварена преку цртежи на децата, испратени до дипломатските претставништва.

И словенечката амбасада и компанијата Гентерм донираа неколкупати во градинките во Прилеп.

Преку дипломатските претставници, Прилеп отвора соработка и со нашите надворешни пријатели.

-Како погранична општина со Грција остваруваме прв контакт. Сведоци сме дека со смената на локалната власт, се отвора соработка. Со помошта од соседите можеме да се надградуваме и да одиме напред. Ја поздравувам иницијалната соработка. Ова е почеток. Карневалот Прочка е добра прилика за соработка на културен план – посочи Дејан Проданоски, претседател на Советот.

Loading