ЧАШИЧКА ВИНО СО КАРАНФИЛЧЕ И ЦИМЕТ

Во сезоната на вируси и настинки природата го јакне имунитетот. Лекот со вино спречува настинки и ја подобрува работата на цревата. Може да се сервира топло и се прави од црвено вино. Прилог може да бидат портокал и лимон и разни зачини за поголема ефикасност.

Ефектни се каранфилчето, циметот, зачинската пиперка, мускатното оревче, ѓумбирот или кардамонот. Овој илач спречува срцеви болести и е превенција од удар. Со умерено консумирање, се регулира добриот и лошиот холестерол. Лекот ги чисти артериите.

Мускатното оревче е чест додаток во црвеното варено вино. Има слични особини. Овој лек го јакне срцето и го спречува ризикот од кардиоваскуларни болести. Црвеното вино е превенција од остеопороза, која ги слабее коските. Црвеното вино содржи состојки кои штитат од дијабетес и алцхајмерова болест. Делува на артритис и на воспаление на кожата. Антиоксидансите го јакнат имунитетот. Околу половина од луѓето кои пијат умерено црвено вино имаат помали шанси за настинка. Каранфилчето во комбинација со готвено вино е одлично за чистење на црниот дроб и бубрезите од насобраните штетни материи. Ако се додаде и цимет, расте ефектот.

Виното се вари со малку каранфилче и и се додава прстофат цимет. Се пие по ракиена чашка навечер или во текот на денот.

Loading