ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (180) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Славкоски Коста од Бонче бил полјак во с. Лопатица само што ги истерал мусинските воловарчиња од лопатичките дошле мусинчани, ги навртиле пушките во Коста, го отепале. Коста оставил дете сираче Стојна, мајка му на Јовчески Ристе.

Павлески Анѓеле, пристар човек ги истерувал магарињата на чајрот, го пречекал полјакот Тоската од Валона, Албанец од Јужна Албанија по име Тоската и го нападнал Анѓеле да мава, ти тераш магарињата во нивјето. Спискал Анѓеле од болештините. Синот на Анѓеле слушнал, дошол на чајрот, се дал во одбрана на татко му Анѓеле, по време си во местото Шопур во чумоечкото платил со главата.

Петко Писокалецо идејќи од пазар од Прилеп од местото Слива при превојот за во Писокал го пресретиле ерековските арамии качаци, сакале пазарлакот да му го одземат. Петко им се супроставил, тие наоружани му удриле еден нож в гради и неколку пушки, му го одзеле пазарлакот и магарето го пуштиле празно си отишло дома. Петко ја оставил жената Доста вдовица и четирите деца Митра, Митре, Тале и Тодор сирачиња. По смртта на Петко неговата жена Доста децата ги раздела раненичиња, Митра мала ја омажила за Грујоски Тале Курела во Марул. Митре го дала ранениче кај Саботковци во Подмол. Тале го дала ранениче во с. Лагово. Тодор го дале ранениче исто така во Подмол кај некои си Орленците денес познати како Аспровци. Доста мајка му на децата се премажила за Дамјаноски Ристе патрун од кој им се родил Дамјан.

Синот на Петко и Доста раненичето Тале во Лагово порастил момче, се оженил, нејзиното име и родното место непознати. Тале и неговата сопруга Талејца имале во бракот три деца Велика, Митра и Маса. Нивната мајка Талејца била многу скромна и лична жена. Беговите од с. Беровци фрлиле голем мерак на нејзе и силеџиски му ја одзеле на Тале и ја однесле на кула во Беровци. Тале мажот је отишол кај беговите во Беровци да си ја бара жената, турските беговци ги навртиле пушките и го отепале мажот је Тале. Талевите деца Велика, Маса и Митра останале сирачиња без мајка и татко. Стрико му Саботкоски Митре од Подмол ги зел децава, внучиња од брат му Тале, ги одгледал и сите три ги удомил, омажил. Велика се омажила во с. Црничани. Маса се омажила за Москоски Ристе во с. Подмол, Митра се омажила во с. Могила.

Силување од страна на јурукот Ахмет од с. Канатларци малолетно машко дете во с. Марул

Некаде во почетокот годината 1800 во с. Марул живеела фамилијата Димови, луѓе момци кај марулските бегови покасно Ремзијова. Често пати канатларскиот качак Ахнет доваѓал на гости кај бегот злостворно пријателство.

Еден ден качакот Ахмет фатил едно малолетно дете од машка поло од момците Димови, го однел горе во Кулата и почнал да го силува. Неговите родители дошле под Кулата, го слушале неговиот жалосен глас на чедото, ништо не можеле да му поможат и викале од надвор со жалосен глас и викале, чедо ќе ти помини, ќе ти помини, само ти живо остани.

Тој истиот насилник силеџија дошол на Божик на сред селото истата година во Марул како сеирџија. Во тоа време ората се играле посебно женско од машко. Женското оро напреџија го водела младата невеста од младото момче Велјан Бошев покасно Танески. Ахмет насилникот никого не прашал самоволно се фатил до младата невеста од Велјан. Само што дошол спроти момчето на невестата Велјан го извадил ножот од појасот и замавнал во стомакот на силеџијата Ахмет, тој паднал убиен. Веселбата на сред селото се растурила.

Во таа крвава драма се замешале и фамилијата на Димови покасно се иселиле во непознат правец засекогаш. А додека убиецот Велјан Бошев си ја зел жената и се преселил, засолнил во селото Горно Оризари близу Битола. Тука оснивал семејство и потомство, а го добиле прекарот Јуруковци затоа што отепале Турчин Јурук од Канатларци кои и денес го носат прекарот во Оризари Јуруковци. Таква била османската култура затова народот одел во ајдучки или комитски дружини.

Раскажал Гулабоски Ристев Николе (1832 – 1912) пренесено од Јовчески Велјанов Ристе (1888 – 1962), Танески Атанасов Стојче (1868 – 1957). Пренесено од сите марулски дедовци во летните времиња како воловари. Ние децата ги слушаме нивните кажувања.

Тепањето на арнаутинот Салиоски Мемиш од страна на Јошески Цветков Божин Марулец

Како што кажуваше самиот Божин, а слушано и од повеќе постари марулци, Котески Божин од кога ги собрал снопјето со жито во куп во местото Босотица преку местото Ушите по патот битолско мариоски дошол во местото Крушите за да го види бостанот да не има некоја потреба да се работи во него. На источната страна од бостанот во угарта ора арнаутинот Салиоски Јунузов Мемиш доселен од Призрен од Косово. Божин дошол кај бостанот, додека орачот Мемиш со некое свое самоволие, невнимание вртел со оралото – ралото во бостанот од Божин каде направил штета во бостанот.

Божин му ја благословил работата на Мемиш и му рекол да со вртењето во орањето оштетил повеќе ластунки од бостанот. Мемиш наместо да се извини употребил физичка сила со остено го удрил Божина преку раменици и му опцул ѓаурската жена на лош арнаутски израз. Божин суртеп човек му вратил и без страв замавнал со набодната и го превртил во провалија во длабокијот дол, длабок близу десет метра.

Божин велеше, среќата го спаси Мемиша дека падна во долот, не се слеваше од капина и висината на долот ако беше горе во нивата тотално ќе го сплескав, убиев.

После настанот со Мемиш, Божин си дошол дома, ја кажал случката што се догодила, ја напуштил куќата, отишол во Врагој слизгала, се засолнал во пештерата и од таму прател што ќе биди со настанот, со тепањето со Салиоски Мемиш. Арнаутите Салиовци организирале голема потера кавалерија од 70 коњаници вооружани со пиштоли, пушки и ловечки кучиња и вршат контрола над секое дрвце и камче, идат према Врагој слизгала. Божин увидел да лошо му се спрема ја напуштил пештерата кај Врагој слизгала, го префрлил брегот марулски- подмолски и со сета брзина ј афаилл бонечката река како заштита, по река нагоре низ Бонче, преку Чашица преку Мариово, преку Бугарија и Романи и занеполни десет дена стигнал до Одеса во Русија извадил карт аи со параходот отишол во Америка. Дома ги оставил жената Јана, децата Трајана, Елена и очувот Коте. Тоа се догодило со тепањето во летото во 1910 година, а додека се вратил дома во Марул после поразот на турската империја во 1912 година.

Продолжува

Loading