ФРЛАЊЕ НА „ЃУБРЕ“ ОД БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Мешавина од ленено семе и мед се користи со децении за природно лекување и за јакнење на имунитетот. Делува како чудесен универзален  и моќен лек. Лененото семе е неверојатен извор на диетални хранливи влакна, омега-3, повеќето витамини од Б групата, магнезиум, селен и фосфор. Значително го подобрува метаболизмот, ефикасно ги прочистува цревата од заостанат отпад и цврст, скаменет екскремент, му помага на телото побрзо и полесно да се ослободи од вишокот килограми. Медот го дополнува дејството на ленот и му користи на целиот организам. Со антимикробен ефект, се бори со патогени и го забрзува заздравувањето на желудникот.

Најважната улога на оваа мешавина е прочистувањето на белите дробови, лекувањето на кашлицата и помошта да се исфрли насобраната слуз од белите дробови. Ја користат и деца и возрасни.

Потребни се 500 гр ливадски мед, 1 лимонов сок, 3 лажици ленено семе, 1 лажица семе од бел синап. За вкус и заради железото, може да се додаде органско какао. Леленото семе и синапот се мелат до прашина. Се цеди сок од еден поголем лимон и се додава во теглата со мед. Се меша да се разреди. Потоа се додаваат мелените зачини. И полека се меша да се апсорбираат состојките. Се остава во фрижидер.

Се користи трипати дневно по една супена лажица.

Овој природен лек се зема секогаш штом почне да гребе грлото.

Loading