НЕМА АПЧЕ ЗА ЗАМЕНА НА ЈАБОЛКОТО, ЈАЈЦЕТО, ПИПЕРКАТА И ДОМАТОТ

Сите здрави минерали и витамини едно здраво лице ги внесува во организмот преку исхрана. Не се потребни суплементи, оти, дури се и штетни.

Јаболкото, јајцето, пиперката и доматот уште не можат успешно да се заменат со ниедна таблета.

Бета-каротенот произведува витамин А. тој е антиоксиданс кој штити од затнување на крвните садови и штетното УВ зрачење, го јакне имунитетот, го намалува ризикот од малигни тумори. Најмногу го има во жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, како и во темнозелен лиснат зеленчук. Се препорачува морковот да биде термички обработен, бидејќи на тој начин се ослободува бета каротенот.

Калциум – ниту премалку, ниту премногу. Без овој минерал човекот не би можело да функционира нормално. Организмот ги чува резервите на калциум и ги користи по внесувањето, но само во одредена мерка. Премалку или премногу калциум може да го нарушат здравјето и да предизвика остеопороза или калцификација на крвните садови. Најдобар извор на калциум се млечните производи.

Фолат – комплекс на витамини од групата Б. Тоа е природна форма на витамин присутен во бројни намирници од растително и животинско потекло, а фолната киселина е синтетичка форма на витаминот. Фолатот е неопходен за низа метаболички реакции, клеточна делба, формирање на еритроцити, и за нормално функционирање на сите органи. Богати со фолати се зелен лиснат зеленчук, изнутрици, жолчка од јајце, квасец, грав, грашок, портокали, лимони, јагоди, киви. Со термичка обработка се уништуваат повеќето витамини. Обработената храната од животинско потекло губи повеќе фолати отколку храната од растително потекло.

Железо – се грижи за црвените крвни клетки. Клучно за добро функционирање на црвените крвни клетки и спречување на анемија. Најмногу го има во месото и изнутриците, јаткастите плодови, зелениот зеленчук.

Калиум – трет најзастапен минерал. Неопходен е за мозокот, мускулите и срцето. Важен е за нервниот и кардиоваскуларниот систем. Го има многу во компирите, бананите и останатото овошје и зеленчук. Не се препорачуваа прекумерни количини.

Селен – чувар на виталност и здравје.  Најмоќен антиоксиданс, чувар на виталноста и здравјето. Превенира кардиоваскуларни болести. Го има во месото, јајцата, морската риба и лебот. Се смета за заштита од белодробни заболувања.

Витамин Ц – сојузник против настинки. Го зајакнува имунитетот, го одржува здравјето и помага во апсорпција на железото. Успешен е во борбата против настинката. Изобилува во овошјето и зеленчукот, особено во пиперки, портокали, лимони, киви. Витаминот Ц да се зема преку храната, особено пушачите.

Витамин Д – синоним за сонцето. Помага да се апсорбира калциумот, нужен за здрави коски. Главните извори е сончевата светлина, мрсната риба и млекото. Не е потребно целодневно сончање.

Витамин Е – го јакне имунитетот. Моќен антиоксиданс за одбраната од слободните радикали. Го има многу во сончогледот. Се внесува доволно преку јајца, сончоглед, кикирики, овошје и зелен зеленчук.

Loading