НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ВИСОКИОТ ПРИТИСОК

Високиот крвен притисок или хипертензијата се главните причини за срцеви заболувања. Важно е редовно следење. При тоа треба да се избегнува храна која влијае на зголемувањето. Се разбира, нужна е редовна терапија, ако ја препишале лекарите .

Многу се симптомите за проблемите со срцето. Чувството на замор, болка во градите, затегнување или горење и ширење во вратот или рацете, чувството на давење, гушење…

Крвните садови ги унишува хомоцистеинот. Присутен е кај луѓе кои често пијат кафе, јадат многу месо и внесуваат малку витамини Б, малку овошје и зеленчук. Само со минимум кафе,  неколку цигари, малку масти паѓа ризикот. Потребна е и мала диета и движење.

За намалување на притисокот се потребни 4 цели главици лук, 4 см корен од ѓумбир, 4 лимони со кора и 2 литри вода. Се мијат лимоните, па се сечат на помали парчиња. Се отстрануваат семките. Ѓумбирот се мие и се отстранува тенката кора. Се сечка на ситни парчиња. Лукот се дели на чешниња и се лупи. Поголемите чешниња се сечкаат. Сите состојки се блендираат со малку вода до кашеста, хомогена смеса. Потоа, смесата се тура во тенџере и се додава остатокот од водата. Се грее до вриење. Штом зоврие, тенџерето се тргна настрана да се излади. Се цеди и се складира во стаклено добро затворено шише. Се чува во фрижидер. Се пие по една чаша дневно најмалку два часа пред спиење. Оваа количина од 200 мл може да се подели на трипати, па да се пие половина час пред секој од главните оброци.

Loading