ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (177) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Ученици кои го завршија четврто одделение во основното училиште Велјан Новачески во учебната година во 1955/56 година:

1.Велјаноска Димкова Спасија Танеска;

2.Велјаноски Орданов Методија Танески;

3.Дамјаноски Ристев Благоја Дамјаноски;

4.Ѓорѓијоска Дончова Стева Јанкоска;

5.Ѓорѓијоски Димитријов Дончо Јоноски;

6.Иваноски Игнев Павле Павлески;

7.Јовчески Ванѓелов Томе Велјаноски;

8.Ристеска Блажева Грозда Танеска;

9.Ристески Танев Спасе Танески.

Ученици кои се запишани за во 1-во одделение за учебната 1956/57 година во училиштето Велјан Новачески во с. Марул:

1.Атанасоски Јованов Драган Танески;

2.Јованоска Алексова Зора Јоноска;

3.Јованоски Димитријов Јосиф Јоноски;

4.Јованоски Лазаров Богоја Тодороски;

5.Јовческа Благојова Лоринка Велјаноска;

6.Јошеска Петрева Павлинка Котеска;

7.Митреска Степанова Дуна Мурџеска;

8.Ристески Дончов Сокле Јанкоски;

9.Ристески Китанов Димче Танески;

10.Ристески Орданов Стеван Танески;

11.Стојаноски Тодев Блаже Котески;

12.Влавчето Андон, презимето непознато;

13.Влаинчето Вито , презиме непознато;

14.Влавчето Спиро, презиме непознато;

15.Влавчето Тодор, презиме непознато.

Овие четири влашки деца ученици интелегентни деца сто посто го говореа македонскиот јазик со месец дена закаснија со учењето беа од сточарски фамилии кои ја презимуваа зимата со својата стока од Митровден 1956 до Дувовден 1957 во одземената марулска земја како државна имовина, а на становање беа во Марул. Димитар фамилијарно настанен кај Ристески Димко Танески. Томо настанен кај Василоски Милан Борачо, Штерио настанен во селската колективна зграда. Нивните верски обичаи беа наши православни. Секогаш беа на верските прослави во црквата Рожденство на Богородица. Димо беше голем гајдаџија. Тие со еден степен беа поинтелегентни погоре од нас Македонците, зборуваа два јазици, влашки и екс македонски. Нивните деца добија преодни оценки од училиштето во с. Марул. Марулскиот ученик за во прво одделение Атанасоски Јованов не го започна учење од природна болест паузираше таа учебна година 1956/57.

Традиционално стригот на овците во с. Марул

Како што останало традиција од постарите генерации во с. Марул на денот Ѓурѓовден овците се собираат во поголеми булуци. Стопаните на своите овци кои немаат намера да одат летни овчари ги даваат своите овци по избор на овчарот и кај тие кои ќе одат летни овчари на наречено овците ги даваат на руга.

Пазарот меѓу овчарот важи процент од Ѓурѓовден до Митровден. Насобраните овци во булуци поголеми за извесно време не е важно како ќе бидат овчари стални ортаци или привремено или само додека не заврши бачилото. Овчарите летни уште пред Ѓурѓовден се одбираат и договараат кој со кого ќе биди ортак  за време додека заврши бачилото.

Се прават два булуци од овците. Едниот булук е само од овците молзници. А другиот булук е одбиените јагниња оставени за приплот женски јагниња шилежина јаловици брави за приплод и угичи. За извесно време додека непочни бачилото овците молзници стопаните на овците си ги молзат стопаните на молзниците. Откако се замешаат овците ги молзат стопаните три пати на ден, наутро, на ручек и навечер.

Овците стопаните ги молзат за кратко време сé додека овците се здушат, распознаат помеѓу себе. Млекото да се стабилизира со самото замешување на овците од нервозата на овците млекото се намалува. Откако овците ќе се смират млекото им се враќа на претходната положба.

Штом се стабилизира млекото кај овците се започнува со колкетивно молзење на овците наречено бачило. Прво се навоѓа доброволен кандидат домаќин спреман за бачилото. Прво измолзеното млеко за бачилото се измерува колку литри ќе биди измолзено за да се знае по колку литри млеко да и се даде и за колку дена ќе биди завршено бачилото. Со ова колективно молзење се собира повеќе млеко се прави биено сирење. Пријавениот домаќин кој ќе го прима млекото ќе си биди стален молзач на овци трипати на денот покрај овчарот молзничарот на овците.

Домаќините на овците доека млекото е кај нив од бачилото даваат едно јадење, појадок или ручек. Претежно се дава појадок затоа што овачот јаловарот во утринското време можи да присуствува за молзење на молзниците поради булуко сеуште пуштен не е на пасење во тој случај домаќинот на бачилото наместо да биди молзач излегува в поле да си потера некоја земјоделска работа. Штотуку завршува бачилото кој еден домаќин го презема бачилото друг домаќин и со ред така млеко си добиваат сите домаќинства додека не заврши големото бачило кај сите домаќини во булукот на овците.

Кога ќе се определи денот за стригот на овците секој стопан си ги зема своите овци за стрижење. Оние домаќини кои имаат помалце овци по завршување на нивниот стриг одат на помош, на стриг кај некој соученик во нивното бачило. Сите овци од булукот дали се молзници или јалови се стрижат во истиот ден дали е понеделник, вторник, четврток или недела зависи од времето. Во деновите среда и петок нема стриг. За време на стригот во поедини куќи се прават големи гозби, се канат гости, се прават вкусни јадења со печено месо в тепсии во фурна, разни супи, поддржано јадењето со жесточни и благи пијалоци. По завршувањето на стригот на овците се прават големи веселби, овците се обележуваат со амблем и црна боја катран,

Се истураат со тркалање по овците котли полни со вода на овците со рогови му се врзува повид. Се пука со огнено оружје со фишеци без муниција. До вечерта овците повторно се собираат во првобитниот булук за да почни нивното здушување и да продолжи работата со бачилото. Откако овците ќе се острижат за извесно време се пазат од невреме, дожд, град, од ниска ладна температура и претежно во ноќно време лежа претежно во трлото.

Откако овците ќе заврши бачилото молзниците се замешуваат со јаловиците и шилежината овците се ставаат за ноќно пасење наречено под сенка. Додека овчарите дотогашните ортаци молзничарот и јаловарот како што си се договориле при мешањето на овците на Ѓурѓовден ако одат ортачки за преку летото си продолжуваат во заеднички овчарлак, ако не пад си ги лачат молзниците и шилежината и си одат секој посебно овчар. Можи поново да бидат овчари ортаци при лежењето овците на нива во есенско време.    

Продолжува

Loading