ТОПЕЊЕ НА МРСНОТИИ ЗА 50 ДЕНАРИ

Идеална замена за појадокот се суви сливи, ленено семе и вода. Можат да го конзумираат и здрави лица, но се препорачува за оние со вишок на масти, килограми и проблем со мрзливите црева. За почеток на денот со поголема физичка активност, нужен е покалоричен оброк. Комбинацијата е додаток за вообичаениот појадок или се консумира на гладно.

Ако се практикува овој појадок подолго време, тој е диета за слабеење. Ќе го забрза метаболизмот прав превенција на дебелото црево.

Едноставно е. Сите состојки се миксираат во блендер. Смесата стои 15 минути, па се јаде на празен стомак. За неколку дена појадокот приредува чудни појави и се олеснува стомакот. Функцијата на цревата се враќа во нормала и столицата станува редовна. Исфрлање на отпадот од телото е превенција за дебелото црево. Сите токсини се флаат.

Потребни се 50 гр. суви сливи, 3 мали лажички ленено семе и 1 чаша од 200-250 мл вода. Лененото семе со сувите сливи се потопуваат во вода. Стојат 15 минути пред да се стават во блендер. Слузта на лененото семе ги подмачкува цревата и го олеснува лизгањето и исфрлањето на екскрементот. Набубрената содржина се блендира. Може да користите и сомлено семе. Смесата се блендира до изедначувањеа. За неколку минути готов е “џемот” за појадок. После тоа не се јаде ништо неколку часа.

Овој појадок е одличен детокс и чистач на организмот. Изненадувачки е колку се забрзува метаболизмот.

Loading