ЧЕТВОРИЦА НОВИ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Веќе 12 дена се тренинзите на Победа на Градскиот стадион, на игралиштето со вештачка трева и во вежбалница, во рамките на подготовките за претстојниот дел од фудбалската Прва лига на Македонија. Стручниот штаб, предводен од Благојче Дамевски работи со фудбалери, чија бројна состојба е променлива. Едни отсуствуваат поради здравствени проблеми, други се заминати, трети се приклучуваат како новодојдени. Иако во тешка ситуација, клубот е привлечен за фудбалери кои сакаат да настапат на прволигашката сцена. На тренинзите можеше да се види Лука Трајкоски, повратник од велешки Борец. Се појавија уште двајца сосема нови, Алиу и Ментор. Дојде и млад Африканец.  Најавени се уште неколкумина од Африка, како и од Србија.

Заодготовките во Охрид, Победа го одигра првиот контролен меч, со најмоќниот ривал, шампионот Шкупи, кој го доби дуелот со 4:2. Според тренерот Дамевски, тимот одиграл солидно, а стрелци на головите се Амасихоху Џејмс и Филип Тодороски. Настапија: Тофилоски, – Бошески, Ѓурковиќ, Паноски, Хани, Аризанкоски, Алиу, Д. Дебрешлиоски – Тодороски, А. Петејчук, Џејмс, а во вториот дел уште и Шемкоски, Мариновски, Д. Варошаноски, Кофиловски, Ѓорчески, Димоски, Миланоски, Л. Петејчук, С. Спиркоски, Ментор, Амо.

Следниот тест-меч е в недела, со косовскиот Феризај во Дојран.

Loading