ЧЕТИРИ ПОБЕДИ НА ВЕЛЕСКИ ВО ПАРАЌИН

Шах

Еден од најактивните прилепски шахисти, фидемајсторот Роберт Велески беше единствениот Македонец на Опен-турнирот во Параќин, Србија, за шахисти со рејтинг до 2400 поена.  Од 9 партии, четирипати победи (тројца Срби и Либиец), трипати загуби (од Монголец и од двајца Срби), двапати ремизира (со Србин и со Бугарин). Со 5 поена го зазеде 21. место меѓу 64 учесника.

Победникот од Србија освои 7 поена.

Loading