НАЈМАЛКУ ЕДНА КИСЕЛА КРАСТАВИЧКА ДНЕВНО

Речиси нема домаќинство во чиј фрижидер нема барем една тегла со кисели краставички. Додека салатата од свеж зеленчук е гарнир број еден, киселите краставици содржат протеини, малку масти и диетални влакна. Киселата закуска е богат извор на минерали, вклучувајќи железо, калиум, натриум и фосфор. Потоа витамините Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Овој зеленчук е многу здрав и корисен.

Краставичките се моќен антиоксиданс. Го штитат телото од слободните радикали кои пак ги оштетуваат клетките. Тие се одличен пробиотик. Го балансираат варењето и го забрзуваат производството на добри бактерии, значајни за здрава дигестија. Го штитат црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините. Спречуваат создавање на чир на желудникот, внатрешни пани на ѕидот или оштетување на слузокожата предизвикано од киселини. Помагаат при дијабетес . Го стабилизираат нивото на хемоглобинот, протеин во црвените крвни зрнца кои носат кислород. Киселоста на краставицата помага за контрола на дијабетесот. Нервозата и анксиозноста може да се намалат со консумирање на краставици и друга ферментирана храна, како на пример, киселата зелка.

Loading