БИЛКА НА ИДНИНАТА

Леблебија, наут, варен грав. Тоа се сите имиња за зрнестата храна, мешунка богата со протеини. Наликува на соја со светло-кафеава боја, а начините за нејзино приготвување се различни. Може да се користи како вариво, мелена како брашно за правење леб. Леблебијата се јаде пржена, како семки. Наутот е одличен додаток на супите. Сомлен во блендер, со додавање на малку маслиново масло и зачини, се добива одличен намаз за леб.

Помага во борбата против дијабетесот. Дијабетичарите тип 1 кои често консумираат храна богата со растителни влакна, имаат намалено ниво на гликоза, а дијабетичарите тип 2 можат да го подобрат нивото на шеќер во крвта, липиди и инсулин. Се препорачува 21-25 грама диетални влакна дневно за жени и 30-38 грама за мажи.

Го чува здравјето на коските. Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К во леблебијата придонесуваат за здравјето и јачината на коските. Потребна е внимателност со овие минерали бидејќи премногу фосфор и премалку калциум резултира со ослабување на коските.

Го намалува крвниот притисок. Да се јадат намирници сиромашни со натриум. Таква е наутот. Содржи калиум, важен за нормализирање на крвниот притисок.

Леблебијата е богата како со растворливи, така и со нерастворливи влакна. Растворливите помагаат во одржување на жолчката под контрола, а нерастворливите го забрзуваат варењето и помагаат при слабеењето. Тие предизвикуваат чувство на ситост подолго време.

Добар извор на протеини. За вегетаријанците се недостапни протеините од животинско потекло. Д го надоместат недостигот, најдобар избор е наутот и интегралната пченица.

Манган за производство на енергија во организмот. Тој е минерал кој му помага на телото да произведе енергија. Една чаша наут два-трипати неделно е доволно за полнење на батериите за цела недела.

Леблебијата е богата со железо. Таа е важен природен додаток за жените при менструација, доење или бременост. Децата имаат корист од вклучувањето наутот во исхраната.

Стабилизација на шеќерот. Растворливите влакна го одржуваат под контрола шеќерот во крвта. Наутот обезбедува бавно согорувачка енергија.

Редовното јадење наут го турка лошиот холестерол. Високиот холестерол може да предизвика мозочен и срцев удар, а наутот природно го намалува лошиот холестерол. Содржи големи количини фолна киселина и магнезиум, добри за очите и зголемување на протокот на крв. Содржи фитохемикалии кои делуваат како антиоксиданси. Билката го намалува ризикот од рак на дојката и штити од остеопороза.

Loading