ЦВЕКЛО И МЕД ПРОТИВ ВИСОК ПРИТИСОК

Цвеклото и медот го јакнат имунитетот и влијаат на крвниот притисок. По неколку лажици од оваа смеса секој ден, по можност наутро,  и ќе се подобри крвната слика.

Цвеклото, јаболкото, медот се едноставни состојки кои секоја посебно има лековити дејства. Заедно го јакнат имунитетот и штитат од болести. Овие се намирници за почеток на денот, на организмот да му обезбедат силна енергија. Цвеклото содржи моќни минерали, железо, магнезиум, калиум, калциум, јод, бакар, флуор. Богато е со витамините Б1, Б2 и Ц. Може да го регулира крвниот притисок, да го исчисти црниот дроб, да излечи некои форми на анемија, а и да грее однатре во студените зимски месеци.

Медот и цвеклото го туркаат високиот крвен притисок со што го штитат срцето. Комбинацијата е богата со антиоксиданси кои ги спречуваат штетните ефекти на слободните радикали и го јакнат имунолошкиот систем. Состојките на поленот му помагаат на имунолошкиот систем полесно да се бори против инфекциите и обезбедува доволно количество бели крвни зрнца.

Мешавината е способна да ги прошири и релаксира крвните садови, а со тоа овозможува полесен проток на крв, намалувајќи го високиот крвен притисок. Се верува дека медот и цвеклото го олеснуваат протокот на крв во срцето, штитејќи од срцеви удари и кардиоваскуларни болести. Смесата се препорачува на трудници. Ги штити коските и ја подобрува апсорпцијата на калциумот. Добри се за губење на вишокот на килограми, оти содржата влакна.

Се подготвува лесно, а особено ефикасна ако е недополнета со морков, лимон и јаболко. Потребни се 4 главици цвекло, 6 лажици мед, 3 јаболка, 3-4 моркови, малку целер, сок од два лимона. Сé се лупи и ренда. Се додава сок од два лимона и 6 лажици мед. Се меша и се складира во фрижидер. Се јаде по неколку лажици секој ден, по можност наутро.

Loading