ГРЕШКИ ОД СИТЕ СТРАНИ

Беше Нова Година. Ја прославивме секој на свој начин. Поздрави и честитки добиваме од сите телевизиски куќи. И од секаде, речиси, исто. Сите ни посакуваат многу среќа. Никој не се сети да ни пожели среќа. Слушнавме таков поздрав само од еден човек – Благоја Грујоски. Учесник е во пеачкиот дел на емисијатанаТВАлфа – “Везилка”. Само него го чувмеда рече: “На сите им пожелувам радост и среќа”. Сите други ни посакуваат, а никој не се сеќава дека ако посакуваш нешто, значи дека имаш намера да добиеш нешто. Тоа всушност значи, дека побаруваш нешто. Штом тие ни посакуваат среќа, значи, бараат да им дадеме среќа. Апсурд, зар не? Зошто се заборава глаголот “пожелува”. Тоа е вистинскиот збор во ваквите ситуации. Но, ете, ситеупорноПОСАКУВААТ, наместода ПОЖЕЛУВААТ.

Годинава слушнавме, првпат, еден сосема невообичаен поздрав. Се јави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. И вели вака: “Сакам на сите да им упатам порака за здравје и среќа”. Ете, сите ни посакуваат здравје и среќа, а Госпоѓа Арсовска ни праќа порака. Таа ни препорачува да имаме здравје и среќа. Па, ви благодариме Госпоѓо градоначалник. Ја примаме вашата порака. Ќе се трудиме да имаме здравје и среќа. Штом така ни порачувате, така и ќе се однесуваме. Ќе бидеме здрави и среќни.

За погрешниот поздрав “ви посакуваме” сме се изјаснувале повеќепати. Да набележиме некои грешки и од други области.

Се напечатија нови учебници што децата веќе одамна ги очекуваат. Се појавиле многу грешки. Како што е кај нас вообичаено во ситео бласти. На една од нашиве ТВ ледаме емисија токму на таа тема за грешките во учебниците. Постоела Национална комисија за учебници. Слушавме излагање на извесна госпоѓа, член на комисијата. Убаво зборуваше и не принуди да ја слушаме. Сепак, забележавме дека некои грешки кои често се користат навлегле во речникот и на таквите луѓе кои добро го познаваат јазикот. Едноставно, таквите грешки, неусетно навлегле и таму па луѓето, несвесно, ги прифаќаат како норма. Госпоѓата објаснува за тоа дека во Англија главен збор имал наставникот, а не учебникот. Вели дека тој, наставникот, бира што е најважно. Госпоѓо, сакаме да веруваме дека знаете оти глаголот “бира” како таков, го нема во нашиот јазик. Кај нас тој секогаш е префиксиран – избира, пребира, одбира… Госпоѓата употреби и ваков израз – “Нашето битисување”. Голема грешка и мошне честа. Мнозина мислат дека од именката “бит” може да се изведе глагол – “битисува”. Во Речникот е објаснето дека зборот “бит” се однесува на општите животни услови, обичаи и традиции на еден народ. А глаголот “битисува” се користи исклучиво како архаизам, а значи дека нешто завршува, па дури и завршување со животот, умирање. Турско му е потеклото на тој збор. Не може за нашето постоење, за начинот на нашето живеење да се вели дека е тоа “битисување”. . Особено не од ваква личност, член на Националната комисија за учебници. Госпоѓата зборува поопширно за грешките во учебниците. Најмногу се спомнуваат на телевизиите за учебникот по историја. А таа вели дека не станува збор само за тој учебник, туку и за останатите. Грешка е тоа госпоѓо. Грешка која е длабоко вгнездена во речникот на нашиве луѓе. Грешка е, никаде тие учебници не се останати. Затоа, треба да се рече ДРУГИТЕ учебници, а не останатите.

Грешките демнат од сите страни. Некогаш и не го чувствуваме нивното навлегување.

Loading