ТУРКА СÉ ЗАСТОЕНО

Понекогаш запекот трае со денови. Покрај тежината во стомакот, може да се јави и болка. Тврдата столица се јавува ако дневно не се пие најмалку два литри вода. Најчеста причина е недоволниот внес на растителни влакна во исхраната. Модерниот начин на живот обезбедува брза подготовка на животинска храна. Тука се и рафинираниот шеќер, конзервираната храна, а и алкохолот. Причина е и седечкиот начин на живот. Луѓето работат од дома или во канцеларии. Движењето најчесто се одвива со кола. Наместо скали, се користи лифт. Понекогаш и стресот е причина да се одложи потребата за тоалет. Затоа тешко се фрлаат непотребните материи од организмот.

Совршен лек за овој зачестен проблем кој се јавува поради брзиот начин на живеење е овој рецепт што ги чисти цревата тотално.  Потребни се 100 гр. овесни снегулки, 200 гр. цвекло, 100 гр суви сливи, 1,5 литар вода. Цвеклото го забрзува метаболизмот. Сливите имаат лаксативно својство и го забрзуваат отстранувањето на стагнантниот материјал. Овесните снегулки се натопуваат во вода неколку минути да омекнат. Цвеклото се лупи, па се ренда на покрупно. Сувите сливи се сечат на помали парчиња. Се ставаат состојките во тенџере и се преливаат со 1,5 литар вода. Откако ќе зоврие на оган, се вари на тивко уште 15 минути. Кога ќе се излади, се цеди.

Вака не само што се празни организмот од штетните материи, туку се губи и од тежината.

Се препорачува консумација 2 часа пред спиење или наутро.

Loading