ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (173) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Велигденски пости во с. Чумово

На школската настава во понеделникот во претпладневните часови го прашав класниот раководител Вузески Љубе дали можи после пладнина приквечер да одам со мајка ми на гости во с. Чумово поради му е селска слава да се види мајка ми со родителите и со сите нејзини роднини. Од учителот Љубе добив одобрение, на тоа му се заблагодарив. Вечерта отидовме на конак кај родителите кои живееја во заедница со фамилијата на вујко ми Рампо. Дедо Митре и баба Митрејца Неда пргави луѓе не пречекаа весело. Баба Митрејца и беше имењачка на мајка ми Неда поради и беше маштеја од Јанчевци од с. Орле. Биолошката мајка на мајка ми Менка беше од Дојковци од с. Прилепец.

Вечерта си поминавме убаво, прекрасно. Утрото отидовме в црква каде имаше пеание, литургија. После посетата на црквата се вративме кај вујкото и поручаме. Откако поручаме сестра е на вујна ми Рампојца се викаше Ружа мажена за Трајан Пожески во Мало Рувци ќе и поможува за почистување на вујна, ги собра тањирите, нови порцелаин и по грешка наместо смеќата ги пуште нив и сите до еден се сокршија.

Јас отидов на сред селото насобран народ да видам како се веселат, ора и песни сработени од свирачите, а додека ора и песни порачани од самите ораџии. Една младинска група составена од штавички момчиња, ергени како Делоски Милан, Далипоски Ѓорѓија, Илоски Иван, Мелезоски Благоја, Мелезоски Дончо, Мицоски Ило, Мишески Драган, Мишески Крсте, Пашоски Љубе, Пашоски Ило ид р. Играа фатени тешко машко оро за рамо. Сите носеа дрвени бастуни обесени на рацете,  така се вртеа бастуните обесени на рацете.

Присутните сеирџии им даваја големи аплаузи. Јас не ги познавав тогаш овие играорци него народот така ги викаше. Тоа нивно оро изведено на средселото на Велигден мене ми остави голем впечаток во животот. Покасно ги научив нивните имиња.

Посетата на писокалската воденица

Мене како да ми помина интересот на средселото. Умот ме штрекна за да ја видам писокалската воденица. Што се вели со трчање отидов, ја отворив вратата на воденицата, гледам водата е исклучена, воденицата мирува без капка вода. Најдов во воденицата една метална лопата ја зедов. Лопата на рамо и тргнав нагоре по јазот.

Отидов дури до местото Честак прилепечко некаде во должина односно далечина преку два ипол километри северно над Чумово. Водата во јазот ја вратив, многу вода оди брзо по јазот. Некаде за половина саат водата дојде во буката на воденицата. Со голем интерес таму – ваму успеав воденицата да ја откочам да проработи. Каменот врти на празно. Јас расположен за нејзината работа си се шетам низ воденицата сиот намокрен, алиштата на мене помешани со брашнова прашина како лицето бетер косата.

Заборавив на сред селото на мајка ми и ручекот, сите писокалци вознемирени да со мене се има нешто сериозно случено, мајка ми плачи. Кај вујко Петко Писокалецот прв брачед од стрике на мајка ми во расправија за во колективот се степале и ја превртеле трпезата со ручекот. Сватот на Петко, Богоја Ѓокоски од Штавица, татко на Ѓурѓа, снаата Смилејца жена на Смиле син на Петко Писокалецот и Спасе Црна Сабота од с. Мало Рувци зет за сестра на Петко, маж на Митра.

Кавгата започна во тоа што Спасе работел во раководството, во Управата за време на колективот во с. Мало Рувци. А, додека Богоја Задрогаз ѓаконска  работа. Од збор до збор дошло до држење за гуша. Тој ден кај писокалците беше вознемирена работа. Мене ме најдоја пред да зајди сонцето во воденицата. И така си тргнаме за Марул не ручан со влажни алишта. Среќен бев ќотек не добив, а ја научив да ја раководам воденицата, да ја активирам во погон да работи. И ќотек да добиев нема да ме болеше према занаетот што го стекнав дента во воденицата писокалска на ден Велигден во 1956 година.

Додека сме со текстов за воденицата сакаме да напомниме во месец јануари истава година 1956 брачедите Јолески Благоја и Јанкоски Китан во Јолеското градинче под црквата на реката од Горник почна до ѕидот воденица, мелница која ќе работи на вода. Но, поради Јанковци се разделија работата со воденицата престана со градба за навек.

По велигденските денови кај Велјановци за домаќинот Ванѓел дојде наредбодавно писмо, вашите кози кои се чуваат против државните закони во приватна своина да бидат предадени на државните власти во спротивно ќе бидете кривично гонети со парична казна. Тие се штетници за природата и шумата.

Во есента 1953 година нашата баба Трајана беше тешко болна. По порачка на здравствените советници нејзините синови Ванѓел и Благоја и купија една бела коза. Во 1954 година козата се окозе, две јариња женски, бело и сиво.

Мркото јаре во летото ноќно време го фати волкот го изеде. А, додека неговата мајка и неговота сестриче, белото јаре најдоја спас, се качија на трпезаријата на покривот. Во 1955 година мајката се окози едно машко јаре, а додека ќерката ланското јаре се окози две јариња. Во пролетта 1956 година булукот се намножин а шест кози. Дојде покана за нивно предавање на власта. Стопанот на козите Јовчески Ванѓел козите ги отера во Прилеп, ги предаде на власта без никаква штета надокнада или пак некој валиден документ за нив. На таков начин заврши нашиот булук со козите во пролетта во 1956 година. Дедо Ристе се расплака за козите и рече, темал нема да има ни од селото како што ги ништите.

Учителот Љубе Вузески беше гајдаџија на двете првичиња на Ристеска Петрева Зора Јанкоска Илијоска.

Во пролетните  денови во 1956 година Ристеска Зора се омажи бегалка без свадба за Бутески Ордан од с. Штавица. Со средбата на сватовите Јанкоски Петре татко и на Зора и таткото на Ордан Бутески Димко се договориле сватовите да разменат гости однсоно првичиња.

За свирачот првичето кај Илијовци односно Јанковци беше поканет учителот од с. Марул Вузески Љубе родум од с. Тополчани. Кај населението во Марул имаше голем интерес кога имал време учителот Љубе поред науката да биди и свирач, музикант, гајдаџија. За ваквиот голем интерес кај марулци имаше голем број на сеирџии.

По неповолно време од две седници од првото првиче во Марул штавичкиот сват Димко Бутески направи првиче за марулските сватоштини. За на ова второ првиче за одење во Штавица Јанкоските првичари за свирач гајдаџија поново го обезбедија првиот гајдаџија учителот Вузески Љубе. Како што кажуваат марулските првичари така да ив о Штавица на првичето имало голем број на посетители сеирџии. Како прво селото Штавица е многу поголемо со жители од Марул, а и таму кај месното население интересот бил голем за да го видат и слушнат гајдаџијата учителот Вузески Љубе тополчанецот, а и најверојатно интересот беше голем и кај девојчињата поради учителот Љубе Вузески беше ерген, неженет на возарст од ваесет и шест години.

Продолжува            

Loading