НАНЕ И МЛЕКО ЗА МИНИС КИЛОГРАМИ

Еве еден чудотворен рецепт за слабеење. Со овој напиток сите дома ослабуваат. Некогаш вагата покажува 2 килограми помалку дневно.

За приготвување се потребни две состојки, свежо набрано нане, листови 60 грама е и литар обезмастено млеко (или растително). Нането или ментата се мијат, се оставаат да се исцедат од водата. Потоа ситно се сечкаат. Се ставаат во подлабоко тенџере и се преливаат со литар млеко. Нането делува смирувачки на целиот организам, а особено на стомакот.

За уште подобар ефект се додаваат 6-7 млади гранчиња нане кои нема потреба да ги сечкате, туку нивната функција е само да го засилат интензитетот на вкусот и аромата. Потопената билка се остава 15 минути. Потоа се става на оган. Откако ќе зоврие, се остава да се вари 2-3 минути. Се трга од огнот и се остава 15 минути да се излади. Се цеди низ цедалка и газа. Добро се притиска да излезе повеќе сок од билката. Млекото се складира во фрижидер да се лади два часа.

Напитокот се пие во текот на денот, по желба. Потребно е внимание на исхраната. Да се исфрли бел леб и тестенини, похувана и мрсна храна и сé што содржи шеќер. Потребна е малку физичка активност.

Loading