ЕДНО ЈАЈЦЕ НА ДЕН ПРОТИВ РИЗИК ОД СРЦЕВ УДАР

Едно јајце на ден го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Консумирањето на варени јајца мора да биде дел од животот за да има позитивни ефекти. Исчезнуваат стравувањата дека многу јајца можат да бидат штетни. Едно јајце дневно не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, туку има позитивно влијание врз здравјето.

Се препорачуваат јајцата како дел од здравата исхрана, бидејќи се природна храна со најголема хранлива вредност. Содржи високо ниво на протеини, витамини А, Д, Б и Б12…, кои спречуваат оштетувања на очите во староста. Само со едно јајце на ден се чувствуваат лековитите ефекти. Прекумерната консумација на одредена храна значи помалку хранливи материи од друга храна. Исхраната треба да биде балансирана. Не треба да се јаде само една храна.

Јајцето е ретка храна со витаминот Д. Тоа е одличен извор на протеини. Прекумерното внесување на овие белковини ги оптоварува бубрезите. Решението е балансот.

Иако јајцата содржат малку холестерол, количеството на заситени маснотии што ги јадеме има поголемо влијание врз нивото на холестерол во крвта, отколку холестеролот од јајцата.

За холестерол, јајцата не се проблем, оти се заситени масти. Важно е како се внесуваат. Најхранливо е јајцата да се варени. Нутриционистите не препорачуваат пржени јајца, поради зголемените маснотии и поголемиот внес на холестерол. Не се препорачуваат скршени или испукани јајца, бидејќи може да се заразени со нечистотија или бактерии. Јајце од околу 60 гр. има енергетска вредност од 75 килокалории. Обезбедува околу шест грама маснотии и 6,25 грама протеини. Јајцата можат целосно да го заменат месото. Дури имаат поголема биолошка вредност. Тоа е значаен извор на хранливи материи, неопходни за оптимално здравје. Зголемениот холестерол во крвта се должи на заситените масти и транс масните киселини.

Наспроти разбирањето дека консумирањето премногу јајца може да доведе до срцев удар, оди спротивно дека тие само го спречуваат, бидејќи спречуваат формирање на тромб. Протеините од жолчката спречуваат таложење на тромбоцити. Лецитинот во жолчката содржи соединение, кое ги развива мозочните функции и меморијата.

Loading