ПЛАНОТ ПОСТИГНАТ ШЕСТ МЕСЕЦА ПОРАНО!

Фудбал: Женски клуб Деспина

На крајот од есенскиот дел на фудбалската Прва женска лига на Македонија, екипата Деспина е на високото 4. место со 21 бод, веднаш до трите кандидата за титулата, тетовски Љуботен со 30, Саса од Каменица со 25 и струмичка Тиверија со 24. Во клубот се задоволни од постигнатото.

– За разлика од лани кога го освоивме 8. место со 20 бода, сега сме четири места погоре со 21 бод. Планираото го остваривме веќе на полусезоната. Даде резултат посветеноста на управата, добрите услови, стручната работа. Се подобри дисциплината, пристапот кон играта, одговорноста, редовноста… Одбраната е основа, гаранција за сигурност на екипата. Примивме само 11 гола на 10 меча, дадовме 40. Задача ни е да го задржиме пласманот. Тоа ќе го оствариме со уште неколку засилувања – вели Стевче Талески, тренерот на Дсепина.

Клубот има и младинска екипа, во која е отворена вратата за прием на нови фудбалерки.

Loading