ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ СЕ ИЗДВОЈУВААТ

Мал фудбал

Седмиот ден денеска од десеттиот хуманитарен турнир во мал фудбал “Свети Никола” во салата од ОУ “Добре Јованоски се претставија екипи од Прилеп, Скопје, Охрид, Кавадарци, Битола, Демир Хисар, Крушево… Покрај рекреативци и аматери, има и професионалци од прволигашки клубови. Тие се издвојуваат со високите резултати. Екипата Скара на кило Кусио постигна победа од 9:0, Гостилница кај Џек два триумфа – 5:1 и 8:1, Виталија Ветаџока со 7:0, Црна Река со 6:0.. Натпреварите се во осумте групи.

Интересни се и дуелите во пионерска конкуренција, во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

Loading