ЕСЕНТА СО СРЕЌЕН КРАЈ

Фудбал: Победа

Екипата Победа зеде бод во Ќтип со Брегалница по резултатот 2:2 (стрелци Атхе Мазари и Амос Дадет), во 18. рунда, последна есенска, од фудбалската Прва лига на Македонија. Вреден бод за убав впечаток од тешката полуетапа. На табелата освоено е 9. место, кое значи директен опстанок, ако биде задржано напролет. Паузата е до 19 февруари, до кога ќе има одмор и подготовки, секако и освежувања во играчкиот кадар. Останува да се види дали ќе остане за тренер Бобан Бабунски. Тој не беше со екипата во Штип, но изјави дека е расположен натаму да ја води Победа, доколку се подобрат условите и ако се договори со клубот. Во врска со играчкиот кадар, можно е да има пролетно засилување во Јорданчо Наумоски, кој заздравува и почна да тренира.

Табела: Струга 37, Шкупи 34, Шкендија 28, Тиквеш и Силекс по 26, Брегалница 21, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Победа 13, Академија Пандев 12, Скопје 11.

Loading