WINTER APRICOTS  ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОД 15 ДО 17 ДЕКЕМВРИ

Под мотото “Winter Apricots повторно се враќа” од 15-ти до 17-ти декември,  во киното Мис стон ќе се организира тридневен возбудлив настан исполнет со уметност, филм, музика, пријатели и квалитетни муабети.

За време на фестивалот, ќе се гледаат филмови од целиот свет и ќе се ужива во селекции од балканската и македонската кинематографија. Ќе има можност да се истражи уметноста на танцот на големото платно.

На отварањето ќе има музички концерт во киното Мис Стон, а другите две вечери после проекциите, ќе има и дружба и забавува со музички сетови.

Loading