ПОУКА И ИНСПИРАЦИЈА ЗА ПОДОБРО

Пратеникот Миле Талевски во Света Гора

Пратеникот Миле Талевски, како член на делегацијата на македонското Собрание во Интерпарламентарното собрание на православието, присуствуваше на повеќе работни средби во Света Гора меѓу кои и со Протепистатот на Светата епистасија на Света Гора, Христофор Иверски. Средбите имале за цел да ги јакнат врските меѓу земјите членки, истакнување на православните вредности, дијалогот и соработка меѓу граѓаните. Талевски на Фејсбук објавуви фотографии од местото на кое не може да појде секој.

-Средби кои се одржуваат во еден од најважните православни центри во светот, има посебна важност во годината кога пристигна историската одлука и долгоочекувано вековно признание за афтокефалност на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија. Меѓусебната почит, разбирањето и истакнувањето на нешатата кои нé поврзуваат секогаш, неминовно водат до надминувања и на тешките недоразбирања, до многу заеднички успеси и подигнувања – напиша Талевски.

По средба со највисоките свештени лица на Светата заедница која управува со манастирите на планината Атос, Талевски забележал:

“Секоја мисла и секој збор, искажан од свештениците од Света Гора, се проткаени со човекољубие и милосрдие. Тие се вистинска поука и инспирација за тоа како да се биде подобар човек. На тој начин, да се биде и подобар претставник на граѓаните и искрен и чесен застапник на нивните права”.

Loading