ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (171) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Митрески Јованчев Богоја Мурџески и Стојкоски Илиев Алексо добија позиви за отслужување на воениот рок од време две години.

При крајот на месец март 1956 двата дваесет годишнинаци Богоја и Алексо треба да заминат на отслужување на воениот рок при крајот на месец март. Митрески Богоја животот го живее во Прилеп работејќи како шнајдер. А додека Стојкоски Алексо ланската есен на деветнаесет години се ожени за Милеска Милица од с. Клепач. Откако Алексо го доби воениот позив за војник да оди и се пофалил на сопругата Милица дека ќе оди војска за да учи за офицер.

Таа негова фалба невестата, сопругата Милица ја сфатила работата за озбилно и се вонемирила и почесто почнала да си поплакува мислејќи дека да Алексо ќе ја остави како црна вдовица. Незнаела да нејзиното момче Алексо да нема завршено ни четврто одделение. Алексо ја мразел науката и писменоста. Се криел во ѕидината на Димитријоската ограда, а буквите ги горел со запалената цигара и велејќи стопанка ваша, вие мозокот ќе ми го заматувате.

Како што одминува времето на Алексо за одење во ЈНА, Милица Алексојца сé повеќе се расплакува и тоа сé погласно. Комшивката Ладејца Донка ја поднаучила работата за плачењето уште од порано, му кажала на мажот је Ладе. Ладе како Ладе, први брачеди со Алексо од брат и сестра, Ладе голем мајтабчија и ја чека приликата да му се исмее на Алексо. Утрото на заминување на Алексо куферот товарен на коњот бел, брат му Живко го води коњот.

Насобрани повеќе луѓе од нашето маало, роднини, комшии и пријатели за да се поздрават со Алексо. Алексојца во пратња меѓу жените со повисок глас плачи како да и починал некој од најблиските. А додека Алексо и татко му Илија Кадијата заграбени позади групата идат покроце. Тука Алексојца кажа зошто плачи, ќе одел Алексо војник за официр и ќе ја остави вдовица. Настана буричканица меѓу групата со Алексојца, Живко вика ајдете ќе закасниме.

Ладе како Ладе роден мајтабчија, ги гледа таткото Илија и синот Алексо заграбени, се влечкаат и плачат и возврати, вели нека се гушнат и бакнат после две години Алексо кога ќе го заврши школото за офицер ќе ни го донесат кај Тоде анџијата во Прилеп. Ние ќе појдиме предвреме, ќе го пречекаме. Случајно да не излези в чаршија да ни се изгуби. Насобраните луѓе ја сфатија ладевата шега и тргнаа на глас да се смејат. Татко му Илија му се обрати на синот Алексо, мајката сине ќе учиш за офицер и не кажуваш. Алексо му одговори, татко тоа е војна тајна. Меѓу насобраните толпа луѓе се слушна уште поголема смеа заедно со неговата вљубеница Милица. А додека Алексо кадијчето замина во градот Невесиње во Црна Гора да го отслужува својот воен рог од две години.

Алексо на годината од неговото заминување во ЈНА се врати дома на редовно отсуство од време половина месец. За тоа негово заминување од родниот крај се изменил нешто во говорот од домашниот мајчин јазик во државниот српскохрватски говор. Неговите домашни, па и комшиите поготово од женскиот пол нешто го разбираа, нешто не. Времето брзо одминуваше, Алексо поново се врати во својата единица во ЈНА за да го дослужи воениот рок уште една година.

После една година, при крајот на месец март во 1958 година Стојкоски Алексо кадијчето се врати дома со војничка буквица за завршена воена обавеза и на секого му ја кажуваше, сепак тоа е голем успех и сведоштво за неговото отсуство од воите најмили воедно  и од родниот крај.

Утрото на верскиот празник Благовештение – Благоец по наше, ги спрегна воловите во запрежната кола очевидно пред верниците кои одеа в црква, замина за во бачилиште за да крева камење. Ладе ги попасува овците и го опоменува Алекса да денес е верски празник, не се работи. Алексо оштро му одговори како куршум испукан од пушка и тоа на српскохрватски јазик, јас од црква и Бога ништо не верувам и затова сега работам. Ладе во смеа му одговори, сега ништо не признаваш затова што имаш уште војничко сало во мешето и грбот. Кога ќе го стопиш салото ќе почниш и гробар да работиш. Гравот посен во црквената трпезарија ќе ти биди сладок.

По непол месец дена умре Јанкоска Ристејца Петра маштеа му на Ладе, вујна на Алексо. Алексо млад човек повикан на погреб за гробар за отстранување на камењето престилите од планираниот гроб во кој треба да биди погребана Ристејца Петра. После погребот на почината Петра во црвената трпезарија се сервираше ручек посен грав поради се велигденските пости.

За време на ручекот во трпезаријата кај црквата многумина за прв пат имаа средба со Алексо после неговото доваѓање од војска. Во разговорот на Алексо со луѓето се замешува и Ладо и потврдува, арен е ништо не му фали. Повикан беше од воените власти за да учи за офицер.

Се откажа, не сакаше да биди како селски говедар, истерај – дотерај, да обучува млади војници. Тие си заминуваат, а тој останува цел живот со непознати луѓе. Гледам лесно се движи, поради го стопува војничкото сало во мешето во вратот и гушата. Наместо официр зел друг занает, гробар. Ете така на Ладе му се исполнаа сите негови мајтапџиски предвидувања Алексо и понатака во животот без Ладе животот му беше несреќен баксуз. На 22 март е верскиот празник по наше Мученици црквено календарски Св. Младенци.  Верниците во селото кои имаат пресни гробови со кошница задушница примесено одат в црква и си раздаваат задушница за починатите.

Исто така, на тој ден Мученици законски во нашето село ги започнуваат ливадите повеќе да не се паси во нив, него да почни да расти нова трева за косење на сено за во наредната зима. На денот Мученици се делат јатата на горските еребици во брачни парови за оснивање нови фамилии при несење јајца и квачење на нови пилиња Мученици законски во нашето село ги започнуваат ливадите повеќе да не се паси во нив, него да почни да расти нова трева за косење на сено за во наредната зима. На денот Мученици или Младенци традиционално за прв пат се зајадуваат коприви за појачување на крвта. Пред големите стени камења викани гарваниците заштитени од северот и нови коприви ги има уште во месец февруари. Како деца одеме, береме коприви, мајките дома правеа зелник од коприви или варена чорба, ориз со коприви.

Према кажувањето на нашите постари дедовци овој верски празник се слави како задушница за 40.000 заклани мали деца од страна на римјанските џелати пуштениод римјанските валсти преку жртвите на тие заклани деца за да го фатат и поништат малиот Исус Христос. Џелатите поништиле голем број на деца, Исус Христос не го фатиле. Народот за закланите 40.000 деца оснивале хуман ден, ден на младенци маченици или мученици, има исто значење. На овој верски хуманитарен ден празник се јади риба и маслинки.

Во месецот април на почетокот доваѓа верскиот празник Благовештение или Благоец. Исто и овој верски празник е почитуван како и Мученици. На овој празник за разлика од празникот Св. Мученици, е весел празник. Затова што апостолот Гаврил ја разнесол благата радосна вест да Марија е во положение несама со Исус Христос. На овој ден е отворена црквата, кој е слободен оди в црква на богомолење, погото кои имаат пресни гробови си одат в црква и на гробовите си раздаваат за задушница. Исто така и на празникот Благовештение се јади масло и риба.        

Продолжува

Loading