ДУХОВЕН ВРВ ПОЛН СО БЛАГОДЕТИ

Света Гора

За жителите на Света Гора, оваа област е највисоката на светот, поради духовните врвови. Сон е на секој православен христијанин да го посети ова светилиште на еден од краците на северниот дел од Егејското Море, каде жените немаат пристап

Света Гора – Атос претставува духовна престолнина на православното христијанство, и можеби едно од ретките места на планетава кое скоро и да не се сменило од основањето до денес. ,,Бука,, која се слуша се само звуците на клепалата, камбаните и гласовите од пеачите кои непрестано принесуваат молитви и служби на Бога. Така веќе илјада години, строго пазејќи ја манастирската традиција и монашкото предание.

На Света Гора се среќаваат монаси од сите човечки националности и раси од многу земји ширум светот. Заедничко на сите им е да го остават светот подалеку од себе си. Распослани се дваесетина манастири. Некои личат на средновековни тврдини, некои се големи колку мали градови. Без разлика дали се во девствените шуми на полуостровот, или се издигнати на брегот до морето, на полуостровот нема ништо друго освен манастири, скитови и ќелии. Според манастирското уредување, монасите јадат двапати дневно после утринската и после вечерната богослужба. Секоја трпеза трае по 10 минути. Не се јаде месо. Единствениот глас што се слуша за време на оброкот е од монахот задолжен да чита од светите книги додека трае исхраната. Кога не се на богослужби монасите работат. Манастирскиот живот е скоро независен од надворешниот свет. Секој манастир произведува храна, шие облека, дури има и амбуланти за лекување на старите, болните и повредените монаси. Најчесто се празни манастирските амбуланти. Речиси нема заболувања од рак, срцеви удари, алцхајмери, или било која болест кои во светот се толку чести како со навика за домашните миленичиња. Многу од манастирите имаат и свој систем за производство на електрична енергија и централно греење, одржувани од монасите. Забранет е пристапот за жени на Света Гора. Тоа не е традиција или црковно предание. Тоа е одлука на манастирите, кои се сопственици на имотите и кои сакаат да го зачуваат мирот на монашкиот живот. Во спротивно ќе доааѓаат цели семејства, луѓе ќе лежат на плажите, а деца ќе се разбркуваат насекаде низ манастирите. Тоа би било крај за молитвениот мир. Според статутот на Света Гора, свештеничката администрација ја избира административно тело наречено Света заедница, чие седиште е во Кареа. Составено е од 20 монаси, претставници на манастирите. Секој манастир избира претставник кој управува со канцеларијата на една година кој се заменува со друг на почетокот на новата година. Дваесетте манастири се поделени на 5 групи од по 4 манастири. Само водачите на тие групи имаат право на секои 5 години да предлагаат протоепистатис, односно прв човек што ќе раководи со Свештената Општина.

Поинаква е процедурата за пристигнување на Света Гора. Треба да се оствари контакт и да се добие дозвола од манастирот каде што се оди. Потоа се добива дозвола за посета на Света Гора на име со податоци. Се изготвува посебна виза за престој. Таа се зема во канцеларијата за врски во гратчето Уранополис, пред качување на траектот, кој плови до пристаништето од манастирот од каде е дозвола за посета. Од пристаништата до манастирите има минибуси за пречекување на поклониците и посетителите. Гостите се носат до манастирот, а оние кои го завршило времето за престој се враќаат на пристаништето. Ако се посака посета на повеќе манастири, потребно е пред тоа да се оствари контакт и да се побара дозвола.

Јулијанскиот календар има разлика од 13 дена од грегоријанскиот кој уште се користи на Света Гора. Таму се раководат по Византиско време. Денот почнува на зајдисонце, и тече литургискиот ден, а не на полноќ како во остатокот од светот. Поради тоа што временскиот интервал од зајдисонце до зајдисонце е различен, промената се прави неделно. Некои манастири имаат и часовници кои покажуваат цивилно (светско) време, поради тоа што распоредот на бродовите се раководи по тоа време.

Само духовно раѓање

Света Гора е автономна територија во Грција. Канонски и духовно е под јурисдикција на Вселенската патријаршија во Цариград. Во главниот град Кареја се сместени управните органи.

Света Гора е парче земја на Небесата и Божествен рај на земјата, кое е преполно со благодат. Земја без телесно, туку само со духовно раѓање. Како манастирска заедница основана е во 963 година од монахот Атанасиј кој го  втемелил манастирот Голема Лавра, најзначајниот до ден денес. Има три  групи манастири во зависност од нивната хиерархиска поставеност според статутот од 1924 г. и според географската положба. Првин сите манастири биле општежителни, но во 14  век, со развојот на исихазмот, се појавува нов начин на монашко живеење, со кој му се дава предност на пустинскиот, осамениот начин на монаштво. Иако цариградските патријарси биле против, овој начин се проширил на Света Гора. При крајот на 17 в. сите светогорски манастири станале неопштежителни. Подоцна се појавил обратен процес. Имало и општежителни и неопштежителни манастири. Денес сите светогорски манастири се општежителни, управувани од игумен.

Loading