ДЕЛА ОД CROWN ART КОЛОНИЈАТА 22

Изложба

Во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” вечерва од 19 ч. ќе биде отворена изложба на дела од интернационалната ликовна колонија Crown art 22, што се реализира во Кроун хотелот во Неа Скиони во Грција, од 17 до 23 септември 2022 во организација на Татјана и Тони Илиовски.

Ќе може да ги проследат делата од Ајнур Махмудова Каплан, Зивер Каплан, Нехат Беќири, Линдита Беќи и, Томе Мишев, Драги Хаџи Николов, Татјана Стојановска Медарова, Мирза Жупљанин, Деспина Агелополу, Катерина Ѓорѓевиќ, Вахит Акан, Осман Камбер, Светислав Славковиќ, Милош Милосављевиќ, Александра Димитрова, Анита Огњнановска, Мануела Мандиќ, Александар Поповски, Димитар Димитров, Владимир Темков, Ахмет Есер Копрулу, Мелихат Тузан и Фехим Хусковиќ.

Со голема радост ги отворивме вратите на хотел Краун во Неа Скиони во Грција, каде првпат се организира меѓунарона ликовна колонија – велат организаторите Тони и Татјана Илиовски

-Природната убавина која Бог ја создал, човекот од дамнешни времиња се труди да твори и да ја одржува со многу грижа, љубов и внимание. Уметноста е коренот на нашата душа, на традицијата и љубовта на луѓето. Уметниците, инспирирани и водени од нивниот креативен ум, се трудат да создадат и остават белег во опшеството во кое денес живееме, дозволувајќи ни нас преку нивните дела да ја пронајдеме светлината, мирот и тишината, да се спознаеме себе си. Следејќи ја уметноста, фамилија Илиовски беше инспирирана и поттикната како да оставиме белег за нашето постоење, за нашите деца и поколенија што доаѓаат по нас – велат Тони и Татјана Илиовски.

Loading