ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ “СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА”

“Снежана на крајот умира”, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески премиерно ќе биде прикажан на 12 декември од 19:30 ч. во киното Мис Стон.

Модерниот, тотално различен македонски филм имаше интернационална премиера во јануари на фестивалот “Слемденс” во САД. Македонската премиера беше на затварањето на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола. Филмот е возбудливо и интересно уметничко дело.

-Животите на една хикикомори уметница, радио-водител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог анти-наталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност – велат од филмот.

Loading