“СРЕЌАТА И СЕ НАСМЕВНА” – КНИГА ОД ИРИНА ГРУЈОСКА – ИРА

Излез од печат романот “Среќата í се насмевна” од сограѓанката, пензионерката  Ирина Грујоска – Ира. Инспирацијата за пишување авторката ја добивала од пријатели, луѓе кои ги познавале.

-Нивните случки во животот ги поврзував и им ги придавав на моите главни личности во романот. Нивниот и мојот живот го поврзував со места од мојот роден Прилеп, во кој живеам целиот свој живот, незаборавни места на кои се сеќавам, а сега за жал многу и не постојат. Сакам да оставам вечни спомени за места што не постојат, како чешми, манастири, стари традиции. Личностите се мои пријателки, од кои повеќето не се меѓу нас. Опишувам случки од нивниот живот, поврзани меѓу себе. Го овековечувам мојот сакан и убав Прилеп со старата чаршија, со турскиот амам, турските куќи, старите бунари, Марковите кули, манастирот Трескавец, дека Прилеп зрачеше со убавина. Романот завршува среќно за сите главни ликови – вели Грујоска.

Ирина Грујоска – Ира е пензиониран професор по физика. Целиот свој живот го вложила во образованието. Пишува по пензионирањето. Издала збирка песни. Пишува и хумористични раскази. Сака музика, сака да шета и го сака сликарството.

Loading