КРЕМ САЛАТА ПРОТИВ ДЕБЕЛЕЕЊЕ

Супер брза салата, полна со витамини, многу вкусна и воопшто не дебелее, може да се јаде во неограничени количества. Вкусот е кремаст, зеленчукот е малку крцкав и сочен. Едноставно е неодолива, небаре од елитен ресторан. Одговара на организмот, дава енергија и освежува. Таа е деликатес, прстите да се излижат.

Потребни се 1/2 главица млада зелка, голем или два помали моркови, главица црвен кромид, китка свеж магдонос, 160 гр туна во конзерва, 1/2 лажичка сол или по вкус, 1/4 лажичка мелен црн пипер. За дресингот се потребни 200 гр погуст јогурт или кисела павлака, полна кафена лажичка сенф, сок од лимон, 2 супени лажици и маслиново масло.

Зелката се чисти и се сечка на тенки ленти или се ренда. Потоа се ренда морковот на крупно. Заедно се зелката се ставаат во широк сад лесно да се меша. Потоа кромидот исечкан на тенки полумесечинки. Магдоносот се додава ситно исечкан. И една конзерва туна во парче од 160 гр, но може и повеќе. Се соли и запиперува по вкус. Дресингот се става во посебен сад. Првин 200 гр кисела павлака, полна кафена лажичка сенф, сок од еден лимон, две супени лажици растително масло. Добро се меша додека се изедначат сите состојки. Подготвениот дресинг се прелива на салатата. Се меша да се распоредат сите состојки рамномерно. И салатата е готова.

Loading