ЈАПОНСКА „БОМБА“

Јапонското јаболко кај нас не е толку познато, оти расте во градините како украсно растение, а поголемиот дел доаѓа од странство. Пошироко е познато како име на билка која потекнува од Азија. Во природата може да се најде во Јапонија, во Бурма и во Кина. Во Европа е пренесено во 15.век. Денес се одгледува во потоплите краеви.

Јапонското јаболко е листопадно дрво со плодови со жолто-црвена боја, кои кога ќе созреат имаат сладок вкус. Плодовите се берат доцна во есента. Постојат десеттина подврсти кои се разликуваат според обликот, бојата, вкусот и големината на плодот. Има мало количество калории, но многу јаглехидрати важни за дигестијата. Содржи калиум, калциум, магнезиум и фосфор, а од витамините Ц, Б, А и Е.

Свежиот плод и сокот се исклучително лековити при дигестивни проблеми како опстипација, воспаление на цревата, хемороиди и разни болести на желудникот како што се лошо варење и гастроентеритис. Корисно е и за регулирање на крвниот притисок, болести на црниот дроб и жолчката, за јакнење на имунитетот и нервниот систем, бидејќи има смирувачко дејство. Се користи во лековити цели и на поинаков начин освен како свеж плод и сок. Излупениот плод оставен на сонце, преку ноќта добива бела боја и нови лековити својства. Тогаш може да служи во борбата против разни паразити во цревата, за лекување кашлица, против високи температури и е средство за запирање на крвавењето. Може да се користи и за печење на ароматична ракија. Сувите плодови се зимска намирница со висока нутритивна вредност. Семето може да биде замена за кафе, ако се препржи. Се меле како обичното кафе. Листот се користи поради контракција на ткивото. Сувата кора може да е засладувач на разни јадења и пијалаци. Се применува и во козметиката, бидејќи од внатрешното на плодот може да се примени одлична маска за лицето. Кожата се чисти и се освежува. При готвењето најчесто е состојка за разни колачи, креми и десерти.

Loading