СЕКОЈ ДЕН СО МЕД И ОРЕВИ

Медот и оревите се многу здрави и моќни намирници. Се препорачуваат  кога владеат вируси. Содржат голема доза на важни витамини и минерали, кои благопријатно делуваат  на организмот. Потребно е почесто да се јадат, оти се корисни при емотивен стрес или тешко физички работи. Со нив минуваат и страдањата од главоболки. Се нормализира варењето. Слатката смеса ослободува од опстипација. Содржат супстанции за подобрување на дотокот на крв во организмот и го зголемуваат либидото. Вкусната смеса го јакне имунитетот. При настинки, брзо го ослободува затнатиот нос и воспаленото грло. Добри се за концентрацијата при интензивна умствена работа. Оревите ги ублажуваат ревматичните болки.

Смесата се приготвува со мешање на двете состојки во еднаков однос, на пример 500 г. мед со 500 г. ореви. Може да се додаде и сок од еден лимон. Се чува во стаклена тегла.

За возрасни, по 1-2 лажици дневно.

Loading