ЕДНА ДОЗА ЗА ЧУВАР ОД БОЛЕСТИ

Доволна е само една доза за да ве чува од болести. Честа состојка е во бројни домашни препарати против грип, настинки и респираторни инфекции. Претставува природен аналгетик, борец против дијабетесот и делува како одлична превентива на бројни канцерогени заболувања, рак на дојка, простата, дебелото црево, кожа и бели дробови.

Се верува дека дури и куркуминот може да спречи развој на веќе појавениот тумор. Традиционалната медицина препорачува да се измеша жалфија со млеко, па доколку на овој напиток додадете куркума и мед, ќе добиете вистинска домашна инфузија.

Потребни се 250 мл. млеко, 1 лажица сува жалфија, 1 лажичка мед, 1 лажичка куркума (1/2 лажичка за деца), ½ лажичка путер или маслиново или кокосово масло. Се загрева млекото и се додава жалфијата. Штом зоврие, се трга садот, се покрива и се остава 15 минути. Се процедува млекото, се додаваат останатите состојки и добро се меша. Напитокот е најдобро да се приготвува навечер пред спиење и да се испие топол половина час пред легнување.

Loading