ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (170) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Браќата Танески направија куќна физичка делба, за секого покрив над глава, парче леб, сапун и сите потребни намирници, артикли потребни за живот.

За делбата отворено сите дискутираат према своето мислење. Се јавува најмладиот брат меѓу браќата Блаже со негов предлог мислење. Крсте ти беше пазарџија во нашава куќа, магарето, самарот, дисаѓите се твој. Тане, ти беше домашен мајстор за поправка на сите работи во куќата. Чеканот, ќускијата, копачката, накоалната, косата, каменот, налбатските алати се твој. Стапот, крлугот, ведрото, чантата, сакмата, шајакот и шалварите се твој.

Блаже продолжува, ти Китан со која мотика копаше на работа в поле, со оваа, ја сакаш, земај ја, со која лопата работеше во лозјето, со оваа, ја сакаш, земај ја. Со кој срб жниеше, со овој го сакаш, го сакам, земај го. И така, со ред сите дотогашните заеднички аргати биле прашувани и си ги земале својте работни алати. Блаже продолжува, јас ќе останам во оваа куќа, за вас ќе направиме по една куќа во огратчињата со иста квадратура како и ова. Китан е фамилијарен човек моментално останува во заедница одеше од мал орач за него ќе биди на дел пондилата.

Домаќинките, јатрвите, нашите жени ќе си ги поделат куќните садови, котли, тенџериња, тепсии, лајци, вилушки, ваганки, тањири итн. Ќе направиме две куќи  за нив, ќе трошиме, продаваме од стоката, остатокот од стоката ќе е поделиме братски. Нивјето се наша таткова имовина, ќе си ги поделиме братски. Ова лето в поле на работа ќе излезиме фамилијарно секој сам.

Преку летото направија две куќи. За денот на селската слава Мала Богородица куќите беа готови и секој брат си чекаше гости посебно. Крсте доби куќа во огратчето под гумното надолу до патот Петоа куќа. А додека Тане доби куќа во тогашното празно огратче средна река и крлешкото. Браќата Танески Крсте, Тане и Блаже и земјата братски си ја поделија. Направија делба без никакви кавги и расправии. Времето беше сведок сите нивни од машки се собираа кај бунарот од Тане во неработен ден во котелот се топли вода тие се стрижат и бричат долги години сé додека браќата ги ризаше снагата.

Во почетокот на пролетните денови во март во истата година 1956 Дамјановци почна да е ѕидат со мастори куќата на чајрот во која денес 2021 година живеат Дамјановци Благоја фамилијарно со синот Златко и неговата фамилија. Јасиката во средна река на која се отепа Богдан Јанкоски во март 1952 година за куќата ја купија Дамјановци од корен ја избичија, вадеа греди покрив за куќата која беше завршена за неколку месеци до денот Ѓурѓовден истата година 1956. Тек четири години покасно во 1960 година се доселија во нејзе. Денот први во месецот во нашето село се прославуваше на повисоко ниво.

Дента пред денот Марта по стар стил се вареше котел пченка, колку домаќинства во селото и толку котли се варат зрнеста роната пченка се прават посни питулици печени на вршник наредени во тепсија обарени со топла вода со масло и толчен лук. Се сучат мартинки шарени од бела и црна волна. За време на вечерата домаќинот питулите ги сече со поголем нож анџар ги вкрстува во сечењето се прекрстува и сите по него се прекрстуваат и се започнува со вечерата, пред вечерата се прави благослов со топла ракија, а додека при самата вечера кој сака се напива чаша вино женско или блага шира.

Откако е завршена вечерата се сучат волнени шарени мартинки, му се врзуваат на раците за кого ќе видат прв пат птици доселеници од јужните краеви поготово по ластовици и штрковите мартинките се фрлат по птиците и се борат за возватка од нив кошули поготово помалите деца. Некако луѓето го имаат стравот од месецо март и многу се внимателни према месецот март пазат домаќинките во перењето на река и месење леб дома како и разни рачни дома. Некогаш во старо време месецот имал дваесет и осум денови.

Баба некоја си имала една коза е преживеала козата од студот од зимата и штотуку дошол последниот ден од марта бабата се развеселила и на козата и вели, цикш козо на планина и п-д-а- е на баба Марта на брадата. Марта го слушнала негативниот израз од бабата, се налутила и Марта му рекла на Април, брате дај  ми три дена за мене. Април и доделил три негови дена на баба Марта. Марта со тие позајмени дена од Април го разлутила времето со студ, снег и мраз, ги змрзнала бабата и козата, од тогаш последните три дена се бабите. Првиот ден и го даваат на најстарата жена баба во селото, вториот ден на втората баба во селото и третиот ден и го даваат на третата баба по старост. Како што ќе бидат деновите од бабите, такви се бабите по карактер.

Пропуштена работата во редоследот за празникот Тодорица или Тодорова Сабота.

Календарски во саботата после велигденските пости или наречено Прочка или прошаачка е Тодорова сабота. Во Марул овој празник се викаше Тодорица. Се носи примесено собирот се одржува во половината на денот се посетува црквата, се палат свеќи со примесеното се носи варена пченка и булина од леб и торбето се префрла преку олтарот. Таа работа се изведува колективно. Се бара некое поснажно моме за да ги префрла торбињата преку олтарот. Пред да се префрлат торбињата преку олтарот се постројуваат девојките и три пати врват со блеење како овци, после се префрлаат торбињата. Ако некоја куќа нема девојка тогаш оди домаќинката и нејзиното торбе ќе го префрлат девојчињата. Оваа церемонија се прави за стоката пред се за овците и козите. За нас селска слава наречена панаѓур најближно беше во с. Српци битолско кај Беранците или наречено Долно Српци поради има и Горно Српци патот за Битола – Охрид кај Ѓавато.

Гулабоските марулци Стевановци, Новачевци и Велјановци имаа таму нивни крвна роднина Стеваноски Ристе Анѓеле. Останал сирак Анѓеле без двата родители, татко му Ристе, мајка му со име не е познато од Стојковци  од с.Бонче и од брато Гулаб кога порасти Анѓеле отишол за домазет кај Менкаровци во с. Српци.

Анѓеле за селската слава во Марул доваѓаше фамилијарно во родното Марул и фамилијарно одеа на брегот бонечки, да го види с. Бонче родното место од мајка му. А често патибеше видуван во с. Бонче на селската слава Св. Јован.

Марулци кои биле гости на Тодорица во с. Српци кај Менкароски Анѓеле и пошироко:

1.Анѓелески Живко по татково презиме иначе Стеваноски или Гулабоски, внук од прв братучед на Анѓеле од стрике;

2.Петрески Ванчо Бабјак, мажот на Весела, сестра на Живко од Марул;

3.Велјаноски Ристев Благоја Гулабоски, внук од трет брачет на Анѓеле по машка лоза од Марул;

4.Јовчески Ванѓелов Трајан внук од внук од трети брачед на Анѓеле по машка лоза (Гулабоски, Марул);

5.Новаческа Аргида Јованова Гулабоска внука од втор брачед на Анѓеле по машка лоза, од Марул;

6.Новаческа Јованова Славка Гулабоска внука од втор брачед на Анѓеле по машка лоза од Марул;

7.Цветаноски Илијев Милан посинок на Новачески Јован домазет од с. Суводол битолско;

8.Котеска Глигорова Драгица учителка во Марул прва и верна другарка на Аргида и Славка ќерки на училишниот служител Новачески Димитријев Јован Гулабоски од Марул;

9.Анѓелеска Илиева Илина ќерка на домазето Стојскоски Илија кај Стевановци. Малинкоски од с. Штавица;

10.Ристески Китан Јанкоски зет за внуката Милица Грданоска од с. Добрушево по мајчина лоза на од Бонче од Стојковци. Анѓеле и Мирчејца се први брачеди по брат и сестра по мајчина лоза на Анѓеле;

11.Јованоски Јованов Алексо одеше на гости на Тодорица во Српци, неговата жена Коца од Дедебалци Сава беше мажена во с. Српци сестра на Алексојца – Коца.

Продолжува

Loading