ОДРЖУВАЊЕ НА ГУСТА И ЗДРАВА КОСА

Бујна, сјајна и здрава коса се одржува  без интервенција на фризер или лекар. Има полно рецепти против опаѓање на косата, првут, кршливост на влакното и за стимулирање на растот.

За касата се важни хигиенските навики, вниманието како се мие и чешла. Потребно е нежно третирање, особено во коренот на влакното. Рецептот е со кромид кој стимулира колаген за подобрување на косата. Овој рецепт ја зголемува циркулацијата во косата, што е многу важно за подобар раст. Кромидот го превенира опаѓањето и í дава на косата сјаен изглед.

Потребни се 2 главици кромид, 9 чешниња лук, 250 мл маслиново масло, 1 лимон, 1 литар вода. Се сечкаат кромитчињата со лушпата на коцки и се ставаат во чиста тегла. Ситно се сечкат 9 чешниња лук на тенки кругови и се чуваат заедно со кромидот. Во теглата се додава 250 мл маслиново масло. Се затвора и се става во тенџере со крпа. Теглата се става на средина и околу се прелива соо вода, да не биде до капакот. Се става тенџерето на рингла и  се чека водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие, се намалува температурата и се вари уште 20 минути. Се трга од рингла, се вади теглата од водата и се остава на собна температура да се лади. Потоа се става на темно и ладно место. По изминатото време, смесата се прелива во сад со газа и се цеди ароматичното масло. Чистото масло се префрла во тегла и се чува на собна температура. Се користи двапати неделно. Се става по малку на коренот и добро се масира со кружни движења околу 15-тина минути. Потоа, целата коса се витка во проѕирна фолија и се остава да делува 6 часа. Потоа маслото се мие со шампон и вода на вообичаен начин. Додека косата уште е водена, се мие со мешавина од 1 литар вода со сок од цеден 1 лимон. Се остава да делува 15-тина минути, па се плакне со обична вода.

Loading