ПОМОШ, КЛУБОВИ, ЗДРАВЈЕ И ЗАБАВА

ИНТЕРВЈУ – СЛАВКО ТРАЈКОСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО   НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ПРИЛЕП

Кои активности ја одбележаа постпандемиската година во Здружението на пензионерите?

Нескромно е, ама бевме доста активни. Преку комисиите, одборите и 19 ограноци од Прилеп, Кривогаштани и Долнени реализиравме повеќе програмски задачи. Органите и телата редовно беа во контакт со Извршниот одбор. Програмите се остварени во целост за членството од околу 15000 пензионери.

Предадовте во употреба уште еден клуб во Точила. Со колку клубови располага Здружението?

 Во Точила членуваат преку 1200 пензионери. Со наши средства само годинава реновиравме седум клубови. Четири отворивме или ги подготвивме, дотеравме, опремивме годинава. Комплетно ги реновиравме и адаптиравме просториите на ЗП Прилеп, посебно централниот клуб каде секојдневно доаѓаат повеќе стотици пензионери и разменуваат мислења, играат шах, табла, домино… Постојано контактираме со нашите “побратими” од Битола. Со нив имавме заеднички активности. Во Прилеп одржавме заедничка седница на двата Извршни одбора. Го одржавме есенскиот заеднички пикник во селото Пашино Рувци. Забавата беше на задоволство на пензионерите од двата града. Договоривме заеднички средби на отворено со музика и песни со вклучување на пензионерите од Крушево, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод. Претендираме оваа традиција да добие регионален карактер организирана со средства од сите здруженија. Ние сме најактивни на хуманитарден план. На  нашите  членови им доделуваме финансиска помош по повеќе основи. Ги поддржуваме болните пензионери и пензионерите на  кои им е препорачано бањско лекување. Зависно од просекот на пензиските примања здружението учествува со 20, 30 и 50 отсто од  трошоците за климатските лекувања.  За разлика од двете предходни години кога не можеше да се патува заради ковид пандемијата, годинава  организиравме повеќе екскурзии до културно-историски места во земјава. Една екскурзија организиравме и во странство. Доделуваме средства на членовите за христијанските празници Божик и Велигден. Се доделуваат по илјада денари за прехранбени и производи за хигиена. Им се помага на пензионерите на кои им се случила несреќа, на пример, пожар и сл. Ние сме лидер во доделување на хуманитарна помош. Доделеното преку комисиите и преку раграноците, и тоа што е планирано ќе биде повеќе од 1,5 милини денари. Сето тоа се доделува според критериуми од правилникот за распределба, донесен од Собранието на ЗП Прилеп.

На што ќе посветите внимание во иднина за организација на подобар живот на членството. Вие сте член и на Управниот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија?

Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ги координира пензионерските здруженија. Укажува на придржување на превентивните мерки за заштита од корона вирусот. Секоја година се организираа регионалните и државните спортски натпревари и регионалните и државната ревија на песни, музика и игри. И предлажи на Владата антикризни мерки за заштита на стандардот на пензионерите. Учествувавме во подготовката на новата методологија за усогласување на пензиите и др. Од Прилеп е претседателот на Собранието на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Имаме член во Извршниот одбор, каде се носат важни. Имаме и претседателот на статутарно правната комисија. Во комисијата за културно- забавен живот има наш претставник.

Уште кои активности, според програмата, остануваат да се заокружи годинава?

Планирано е континуитет и ширување на досегашните активности не само на спортски, организационен, туку и на културен план од интерес на пензионерите. Анимираме зачленување на помлади пензионери во двете КУД “Пензионер” и “Пенка Котеска”. Планираме формирање на играорна фолклорна група, да отвориме уште нови клубови, да се збратимиме со здружение од Србија, планираме регионализација на традиционалниот пикник, екскурзијата, при одбележувањето на 20-септември, Денот на пензионерите. На спортски план, претендираме да ги зајакнеме спортските екипи со помлади спортисти – пензионери да освојуваме повисоки места во посилната конкуренција и да ги афирмираме спортските активности, без разлика дали се од ревијален или од натпреварувачки карактер, за еден од начините за заштита и одржување на здравјето. Не се исцрпени сите активности. Програмата е отворена за нови идеи.

Loading