МАГДОНОСОТ ПРОТИВ КИЛОГРАМИ И  ХОЛЕСТЕРОЛ

Еден рецепт е осмислен да помогне во намалувањето на холестеролот и мастите во кусо време. Го препорачуваат и некои медицински лица, особено за луѓе кои покрај високи масти, имаат и висок крвен притисок. Состојките се здрави и помагаат телото да се избори со низа болести. Во комбинација е помошно средство за намалување на масните наслаги.

Потребни се 2 л. филтрирана вода, 2 китки магдонос, 3 лимони, сода бикарбона по потреба. Сода бикарбоната е важна за чистење на кората на лимоните. Во поголем сад се ставаат лимоните и се преливаат со вода да бидат покриени. Одозгора се наросува супена лажица сода бикарбона. Се меша да се раствори во водата. Во тенџере на оган се ставаат две литри вода. Откако ќе зоврие, се тргна тенџерето на страна и се додава ситно исечкан лимон заедно со кората. Се поклопува и се остава да се лади. Кога течноста ќе биде топла, но не врела, се додава магдоносот,  измиен и ситно исечкан, и другите два лимони, исто така исечкани на тркалца или поситни парчиња и со отстранети семки. Се остава напитокот да се излади до собна температура. Потоа  се става во фрижидер 24 часа. Следниот ден смесата се цеди низ газа и се истискува да излезе целиот сок. Се складира во суви стаклени шишиња, претходно стерилизирани, со добра вакуумска тапа и се чува во фрижидер. Секое утро се пие по 100 мл на гладен стомак. По 15 дена се прави пауза од 5 дена и се повторува постапката уште еднаш.

Loading