ПОВЕЌЕ СИЛА ВО КОСКИТЕ

Кога станува збор за коските и зглобовите, важно е дека тие се поддршка на нашето тело. Треба да се обрни внимание на секоја промена при некои болести. Тегобите со локомоторниот систем го ограничуваат секојдневието. Со преземање навремени мерки може да се избегнат компликации и намалување на квалитетот на животот.

Со годините телото “се троши”. Честите болките во коските и зглобовите се јавуваат како последица на воспаленија, инфекции и разни хронични заболувања. Иако симптомите може да варираат, секој човек се соочува со слични проблеми. Тоа е нормално. По консултација со лекар, се избираат различни начини за јакнење на коските и зглобовите.

Следниот природен лек лесно се апсорбира во телото, ги јакне коските и го минимизира ризикот од развој на болести на зглобовите. Комбинацијата од одредени семиња со пчелен мед, суво грозје и желатин е одличен извор на хранливи материи за намалување на воспаленијата и непријатностите. Природниот препарат е богат со природни ензими, диетални влакна и аминокиселини, чија апсорпција ги јакне коските и зглобовите на природен начин и ја намалува веројатноста за повторување на болеста. Смесата содржи калциум и магнезиум кои се есенцијални минерали за одржување на густината на коските, особено при тенденција на “трошење”. Лекот содржи и мали количини на калиум, за кој е познато дека е потребна состојки за балансирање на натриумот и го спречува задржувањето на течност во организмот. Содржи значителни количества омега-3 масни киселини, кои помагаат за пад на воспалението на ткивата и проблемите со циркулацијата. Протеините со висока биолошка вредност, покрај витамините и антиоксидансите, го поддржуваат производството на колаген за заштита на зглобовите. Доколку се консумира редовно, поттикнува енергија. Така може да се подобрат физичките и менталните перформанси.

Потребни се 2 лажици семки од тиква, 2 лажици сусам, 2 лажици желатин, 5 супени лажици ленено семе, 3 лажици суво грозје и чаша мед. Во блендер се мешаат семките, се додава желатинот и сувото грозје, преливајќи ги сите состојки со медот. Се блендираа 2 до 3 минути до хомогена маса. Се складира во тегла со капак и се чува во фрижидер. Се консумира на празен стомак наутро, но може и половина час пред ручек и по желба пред вечера.

Да се постигне ефектот, се зема редовно и континуирано. Може да се разредува во чаша вода. Смесата треба да се потроши за 2 месеца.

Loading