ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (169) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

ТОЛЕ ПАША (1863/64г. – 1904г.)

1.Пред Висока брего, е Крушевица село.

Во фамилијата Кулиќеви, се роди машко чедо.

Името Стојан, нункото му го даде.

Со благослов голем, јунак да биде.

2.Борба да води, за народот свој

доживотно, да се бори тој

на насилниците, да му стави крај

народот свој, да добие божји рај.

3.Во летно време воловарче оди

Со дедовците Столе, дружба прави

Разни приказни, од нив слуша

Задоволства и прави на неговата душа.

4.Порасте Толе, бистро и снажно момче

На ковачо Стеван, зет му стана

се ожени тој, за ќерка му Ката,

со нејзе ги имаат, синовите двата.

5.Немаше Толе односи со Адем бего,

често имаше, конфликти со него.

Го напушти Толе, домот свој

подмолно, да не биде убиен тој.

6.Се вработи Толе, во рудникот Ал Шари

си замерија таму со заптијата Акиф

во самоодбрана, Толе го уби него,

затворен е тој, за извршеното дело.

7.По кратко време, од затворот бега

во Мариово се врати, Толе сега,

основа своја чета, и јатаци прави.

8. Јован и Толе, на Скала заседа направија

турскиот порезник Мефаил, тие го ограбија,

дел од парите, за нив ги оставија

остатокот пари, меѓу народот го поделија.

9.Во Бугарија Толе оди, од потера да се спаси.

За кратко време, тој назад се врати.

Бугарија не е, моја родна земја

Таа за мене, е зандана темна.

10.Во Полчиште село, сардисан е Толе,

извика чаушот Ферат, предај се ѓаур сега

овде сум паша, одговор доби тој

отвори силен оган, си проби пат свој.

11.Кај Сивевци, во Старавина село

Толе го разоружа Арслан бего.

Арслан бего, животот да си го спаси

повеќе жолтици, на Толе му плати.

12.Во вепрчанското поле, сокријан е Пашата Толе.

Жетварите Толе, во снопот го сокрија.

Аскерите сé пребараја, него не го отрија

жетварите Толе од сигурна смрт, го спасија.

13.На Конгресот во Смилево, Толе беше

сигурноста на делегатите, му ја обезбедуваше.

Ацев и Толе, од Смилево во Мариово, се вратија.

политичката активност, таму ја продолжија.

14.Во Лопатица, Толе силна борба води

против грчки чети, и македонски изроди.

Поразени тие, во паника бега, пред него

без оружје, со крвави траги во снего.

15.Во 1904-то лето, во Гудјаково село

се судри аскерот, со четата на Толе

убиен падна Толе, и дел од неговата чета

заврши тука Толе, низ Мариово да шета.

16.Во 2001-та година, му се отвори, нова гробница

моштите на Толе и Веле, се пренесени во родното село

погребани се, со величествено опело

почитувани нека почиваат, за нивното дело.

Томе Велјановски Марулецо                   29 декември 2019 година

Во понеделникот денот по Прочка се вика чист понеделник, денот е наменет за миење на сета покуќнина од мрсотијата. Тој ден се јади посен грав со месена пресначка печена во црепна. Некој запостува од неделата вечерта до средата утрото. Во понеделникот дента, ноќта, вторникот во денот и ноќта, ама ништо не се става во устата. Во средата утрото со нешто примесено се оди в црква, се палат свеќи, се посетуваат гробиштата, се палат свеќи во тремот на трпезаријата, се раздава за задушница, потоа постителот се напива крстена вода, појадува од примесеното и си одат дома. Постителот дома подкаснува и така леко полека преку денот постителот ќе си го стабилизира стомако и телото.

Во нашето село Марул према православниот црковнен календар и некоја селска традиција среда и петок секогаш беа посни денови со исклучок среда и петок  после големите празници Божик, Велигден и Дуовден се мрсеја. Божикни пости, Велигденски, Петрови пости, пости за Голема Богородица Крстовден беше посен и да паднеше во мрсен ден. Некој правеа пост една седмица односно една недела пред Св. Атанас зимен.

На денот чист понеделник Танеските ученици од Крстевци, Грозда и Добрица Блажеви деца Ванчо и Спасе Таневи деца кој живееја во заедница не дојдоја на училиште преку денот се разбра да баба му Стојаница Анѓа умрела на 76 години.

Анѓа Стојаница Танеска родена некаде во 1888 година ќерка на Здравески Ристе постара деленица со Јоновци, Јолевци, Крушковци и Тодоровци. Татко и Ристе живеел и работел кај беговите Цоцовци и прилепчани покасно кај бегот Беќир прилепчанец во денешното куќно место од Тодоровци од каде Анѓа се омажила за Стојан Танески.

Анѓа била единаче дете на Ристе се омажила во малолетничка доба како втора жена на Танески Стојан. Анѓа со Стојан одгледала шест деца Мара, Ануша, Крсте, Стојна, Тане и Блаже. Одгедала и две деца сирачиња Ордан и Димко, внуци од брат на Стојан. Исто така испратила повеќе куќни луѓе во небесниот свет. Наумче дедо му на Стојан свекорот Ристе, свекрвата Ристејца, таткото свој Ристе се догледувал кај нејзе, деверот Велјан и јатрвата Божна, снаата Тонејца Менка, внуката Велика, внучето Славе дете од Ордан од внукот на Стојан.

Дочекала да види 28 внуци од синовите и ќерките до нејзиното починвање имаше преку десет правнуци. Дочека да види четири свадби од внуките пред да се парализира, шест свадби од внуките и внуците после парализирање. Анѓа животот го живееше непокретна десет години од 1946 до чист понеделник во 1954 година.

Делбата на синовите на Анѓа, Крсте, Тане и Блаже. Браќата живееа во заедница со 27 членови сé додека не почина мајка му Анѓа не сакаат тегобата одговорноста да ја остават  на еден од браќата. Откако ја погребаа заеднички мајка му после шесте недели изнесени на мајка му и направен вечен дом, гробот во пределот на Танеските гробишта.                        

Продолжува

Loading