ЈАВЕ ЗА ДЕЛАТА ОД КОЛОНИЈАТА ДРЕН 22

Вечерва од 19 ч. во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” ќе се отвори изложбата на дела од 14-та колонија Дрен 2022, што Центарот ја организира ЦК од крајот на јуни до почетокот на јули. Ќе се изложат шест скултури и 30 слик, создадени на еднонеделната дружба од 22 уметници учесници на колонијата. Ќе може да се проследат делата од Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска,  Ибрахим Беди, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски,  Павлина Илијеска, Верче Николоска, Методи Исков, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Александар Џинго, Сарита Конеска,  Славчо Павлески….

На колонијата во минатите 13 години, создадени се над 370 дела, кои се трајно наследство на ЦК и на државата.

Loading